Почитувајте ги докторите - тие тоа го заслужуваат

Ова се само неколку причини зошто докторите ја заслужуваат вашата почит:

1. Поминале безброј бессони ноќи за да имаат знаење за вашата болка и болест.

2. Поголемиот дел од нивната младост и живот е исполнет со книги, текстови, испити, стрес... за да може да ги решаваат вашите сегашни и идни проблеми.

3. Секогаш се изложени на инфекции, затоа што работат со луѓе кои имаат болести.

4. Нивното работно време никогаш не е 8, туку е 24 часа.

5. Често заради потребата на пациентите го жртвуваат времето наменето за семејството.

6. Мора да продолжат со учење до смртта, затоа што болестите се менуваат, а се менуваат и начините на третман.  Тоа и го прават. За сите вас.

Почитувајте ги докторите. Тие тоа го заслужуваат.

www.doktori.mk, 05.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости