Доктори.мк | Активни преку ден, секој ден - канцелариски видео вежби | aktivni-preku-den-sekoj-den-kancelarija-video-vezbi | Портал за медицина и здравје

Активни преку ден, секој ден - канцелариски видео вежби

Нашата намера не е да ви дадеме причина за запоставување на работните задачи, туку да ви покажеме како да го извлечете максимумот од паузите.

Изгледајте и чувствувајте се одлично вежбајќи ги сите делови на телото додека сте на работа. Овие вежби ќе ви покажат дека долгите работни часови кои ги поминувате во една просторија не се пречка на патот до посакуваната совршена форма. Тие се кратки, но ефективни, ќе ви дадат енергија и променат позитивно целиот ден. 

 

1. Стомачни вежби

Овој серијал се состои од кратки, но ефективни вежби кои се фокусираат на обликување на стомачните мускули, на оформување на половината и затегнување на грбните мускули преку изведување на вежби без да станете од столот.

 

2. Вежби за нозе и задник

Кратки вежби за обликување на нозете и истегнување на долната половина на телото. Ќе ви помогнат да изградите чиста мускулна маса, да го намалите салото на бутините, да го обликувате задникот, да ги истегнете квадрицепсите и листовите на потколениците. 

 

3. Вежби за долната половина на телото

Вежби за поголема флексибилност, правилно држење на телото, за намалување на тензијата во колковите, глутеалните мускули, долниот дел на грбот и торзото.

 

4. Вежби за истегнување на горната половина на телото

Кратки, смирувачки вежби за истегнување на горната половина на телото кои ќе ви дадат енергија, ќе ја подобрат циркулацијата и намалат напнатоста во вратот, рамењата, грбот и 'рбетот.

 

5. Вежби за тонизирање на целото тело

Одличен начин за започнување на денот или пребродување на попладневната криза. Истегнете се од глава до пети, исполнете ги белите дробови со кислород и поттикнете ја циркулацијата во целото тело.  

 

Дали сте расположени за уште видео вежби? 

ДА - НЕ

www.doktori.mk, 07.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - вежби