Распоред на специјални предавања на Саем на Жена - 07-09 декември

Актуелниот проблем на 21 век, карциномот на дојка е тема на која секоја година Саем на Жена и посветува големо внимание.

  • Њу Нутриционизам заедно со Ристеска Билјана ќе одржат предавање на тема „Здравата храна како превенција од карцином на дојка” во петок со почеток од 18:30 на главна сцена.
  • Во сабота со почеток од 13:30 на главна сцена од страна на Борка, Биба Додева ќе зборува на тема “Карциномот на дојка може да биде излекуван”.

Жената е столбот на семејството, затоа тука се и специјалните психолошки предавања наменети за секоја жена.

  • „Жената како Супер Херој” е темата на предавањето на Терапевтскиот центар Еквилибриум, предводено од Марија Стефанова, психолог кое ќе се одржи во сабота со почеток од 12 часот на главна сцена.
  • „Загосподарете со својот живот” е темата на предавањето од страна на Сега и Овде предводено од Мирјана Јовановска Стојановска, психолог-психотерапевт во сабота со почеток од 17:30 на главна сцена.
  • Доктори.мк во соработка со Специјализиран ХБО2Т Центар - Скопје ќе одржат предавање на тема „Победете го стресот и останете млади со хипербаричните кислородни третмани” во недела од 14 часот на мала сцена.
  • Разберете го говорот на телото, невербалната комуникација, предавање на тема „Комуникација: Што ни зборува телото?”, предводено од Петар Лазаров, Македонија Експорт, со почеток во 16:00 часот, недела, на мала сцена.

Убавиот и негуван изглед е дел од животот на секоја современа жена.

  • Оваа година Студио Леонтиќ со вас ќе ги сподели своите совети за убавина во текот на сите три дена на главна сцена.
  • Логона и Санте заедно со видни естетичари и специјалисти дерматовенеролози од Белград ќе одржат предавање на тема „Системска нега на лице, тело и коса со превенција за физиолошко стареење на кожата со сертифицирана природна органска козметика” со почеток од 17:45 во петок на главна сцена.
  • Во сабота со почеток од 12:30 на главна сцена, Медикус Хелп заедно со најдобриот пластичен хирург д-р Огнен Даскалов ќе одржи предавање на тема „Посакуваната фигура може да биде реалост со естетскатата хирургија“.
  • Во недела со почеток од 14:00 часот на главна сцена, Силуете ќе ги презентира своите нови начини на слабеење.
  • Слим Лајн оваа година нуди интересно и богато предавање со почеток од 18:00 часот во сабота на главна сцена.

Ова и уште многу повеќе, предавања за секоја генерација и сечиј интерес само на Саем на Жена, од 7 до 9 декември.

Настан кој не смеете да го пропуштите.

 

За програмата, предавањата и Саем на Жена, информирајте се на www.saemnazena.mk.

 

-комерцијален текст-

 

www.doktori.mk, 05.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости