Доктори.мк | Навраќање во антиката - древните методи на лекување сѐ повеќе се користат | drevni-metodi-na-lekuvanje | Портал за медицина и здравје

Навраќање во антиката - древните методи на лекување сѐ повеќе се користат

Древните методи на лекување како на пример лечење со пијавици или терапии со врели чашки повторно се враќаат во мода, велат истражувачите од американската телевизиска мрежа Fox news.

Пијавиците се користени пред повеќе од 2.500 години за многу болести, а денес во Индија и други земји се користат за лекување артритис, вртоглавица, воспаление на синусите или дури и за акни. Се верува дека ензимите од лигата на пијавицата го подобруваат снабдувањето со крв на околното ткиво.

Според приврзаниците на алтернативната медицина, третманот со загреани чашки (виндузи, традиционална кинеска метода за третман со топлинска енергија, одамна се применува често и во Македонија -з.р.) има ефект, колку и тоа да изгледа необично. Древниот метод се користи за лекување проблеми со грбот, вратот и нозете, за да се олабават мускулите и да се обнови крвотокот, како и при тешки облици на настинка.

И хипнозата којашто се користела во древните ритуали и религиозни обреди, денес се користи во обликот кој е развиен во XVIII век за лекување на анксиозност, зависности, несоница, астма или дури и за време на породување.

Извор Макфакс

www.doktori.mk, 30.11.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости