Доктори.мк | Зборовите на насмевката | zborovite-na-nasmevkata | Портал за медицина и здравје

Зборовите на насмевката

студент по медицина

Група истражувачи ја проучувале врската меѓу карактерот и однесувањето. Откриле дека постојат четири основни начини на реагирање на смешни ситуации. 

"Кој се смее ќе ја доживее стотата"

Смеењето е многу пожелно и длабоко чувство, а начинот на кој се смееме зборува за нас. Научете да се смеете и да го препознаете смеењето.

Може да се смеете, да умирате од смеење, да се смеете до солзи или бавно да се смеете од тивко, па се посилно и посилно. Научниците се сложуваат дека насмевката се јавува инстинктивно веќе неколку дена по раѓањето. А кога  ќе пораснеме различни видови смеење изразуваат различни чувства. 

Усните се ‘’виткаат’’ и остануваат во таа положба приближно седум секунди. Тоа е просечното време за едно смеење. Движењето на усните се надоврзува со брзо спуштање на очните капаци, што на невербален јазик значи миролубивост. Изразите на лицето, траењето и начинот на смеењето откриваат длабоки чуства. Но , некои личности се смеат така што го испуштаат гласот ‘"A", а други  "Е". 

Која е причината за тоа? И зошто некој може да се насмее на секоја безсмислица, а други се смеат само на пикантерии во сексуална подлога?

Група истражувачи ја проучувале врската меѓу карактерот и однесувањето и открила четири основни начини на реагирање на нешто смешно: смеење на "А", "Е" или "И", "О" и "У". Воедно, тие сугерираат дека начинот на кој се смеете го открива вашиот карактер: 

1. Смеење на "A"

На “А” се смеат весели и екстравертни личности и помалку дебелки. Тоа се чуствитетлни и отворени личности, но знаат да бидат и агресивни, оптимистички, немирни, способни и активни.

Смислата за хумор ја користат за да ја откријат својата сексуалност и агресивност .

2. Смеење на “Е” или “И” 

Такво смеење звучи лажно. Типично е за затворени личности кои не знаат да ги изразуваат чувствата ниту да покажат радост. 

Премногу се контролираат, а не знаат да се опуштат, пасивни се, пресметливи, се занимаваат само со интелектуални или филозофски расправии.  Така се смеат и многу чуствителни затворени личности. Оној што се смее испуштајќи гласови како “е” и “и” е изразен песимист и треба да ја развие смислата за хумор . 

3. Смеење на “У”

Некои психолози сметаат дека глас на “у” испуштаат личности со младешки дух , а други дека таквото смеење воопшто не е смеење . Звукот се создава длабоко во грлото  и повеќе дејствува напаѓачки отколку како израз на веселба .

4. Смеење на  “О” 

Личностите кои се смеат така  изразуваат егоцентрично однесување. Најверојатно се екстравертни, но многу добро се контролираат, друштвени се, сигурни во себе и независни. Ги засмеваат безмислици, еднакво како и мрсни шеги. Почнуваат шеги и местенки и во секој момент наоѓаат причина за смеење. Сакаат шеговити “дуели” со пријателите, кои сите ќе ги расположат, а никого нема да го посрамат. 

Дознјате повеќе за Елвис Ќаили 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-
www.doktori.mk, 28.11.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости