Релаксирачки и безболен третман за нега и подмладување на кожата

доктор на медицина
Специјализиран ХБО2Т - Центар

Кожата претставува граница поставена помеѓу внатрешното јас и светот кој не опкружува. Орган поврзан со допирите и сексуалноста, есенцијална врска за воспоставување на првите контакти помеѓу мајката и детето.

Честопати промените на нашата кожа ги опишуваме на начин со кој го истакнуваме нејзиното значење во физичката компонента на убавината. Но, ја согледуваме и поврзaноста на изгледот на кожата со дисбалансот или хармонијата на нашите внатрешни доживувања

Зачувувањето на виталноста на кожата и спротиставувањето на промените кои се резултат на заморот и стареењето се основата на голем број на популарно наречени антиејџинг третмани.

Најголемата холивудска тајна се хипербаричните кислородни третмани (ХБОТ), кои го добија епитетот - фонтана на младоста. Третманите се одвиваат во хипербарични комори, при што се вдишува 100% медицински кислород, во услови на зголемен притисок.

Релксирачки и безбедни овие третмани ја подобруваат циркулацијата на крв во кожата, снабдувајќи ги клетките со дополнителна концентрација на кислород. Ефект на директно спречување на факторот-хипоксија, одговорен за појава на брчки, пигментни дамки и намален тонус на кожата.

Со постигнување на интензивна оксигенација во клетките и елиминација на токсини, кожата станува сјајна и со подобрена текстура. Стимулацијата на супероксид дисмутазата, моќен антиоксидантен ензим, го забавува процесот на стареење на клетките на кожата и организмот во целина. Ефектите кои се постигнуваат се долготрајни и се резултат на зголемена експресија на цитопротективни и антиоксиданти гени.

Хипербаричните кислородни третмани, според индивидуално изработени протоколи, може да се применуваат самостојно или во комбинација со останатите антиејџинг методи.

Комплементарниот ефект на ХБОТ го подобрува успехот, но и ги спречува несаканите ефекти како црвенило, оток, долг период на опоравување, кои се јавуваат по естетските хирушки интервенции и неинвазивни дерматолошки методи. Популарноста на овој тип на терапија се должи на успехот во брзо и безболно постигнување на сјајна кожа со младешки изглед.

Дознјате повеќе за д-р Марија Јакимовска

www.doktori.mk, 27.11.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина