Доктори.мк | Акупресура – третман на шинат скочен зглоб | akupresura-tretman-na-sinat-skocen-zglob | Портал за медицина и здравје

Акупресура – третман на шинат скочен зглоб

дипломиран физиотерапевт, специјализант за рехабилитација во хирургија, ортопедија и трауматологија

Ова е состојба која многу често се јавува, доволно е да се направи еден погрешен чекор (на пр. да се промаши едно скалило при качување по скали). 

Сепак внимавајте, може да дојде и до скршеница на коската, но тоа може да се докаже само со преглед и ренген снимка.

Во меѓувреме се појавува болка и оток на ногата (во пределот на скочниот зглоб).

Третманот се состои со тоа што се применува силно триење на коската на скочниот зглоб, на надворешната или внатрешната страна зависно од тоа на која страна се наоѓа отокот, односно на двете страни доколку болката е двострана.

Болката, а делимично и отокот ќе се намалат, па ќе се овозможи полесно движење. 

Цела оваа постапка мора да биде внимателно изведена, треба да се масира силно, поставувајќи го прстот на кожата, но без да се помести некој дел од коската, што би било опасно во случај кога постои и делумна скршеница. 

Важно е после оваа постапка да се јавите на лекар.

 

Дознјате повеќе за Никодин Велјаноски
дипломиран физиотерапевт, специјализант за
рехабилитација во хирургија, ортопедија и трауматологија

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

www.doktori.mk, 25.11.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина