Доктори.мк | Доктори.мк со својата андроид апликација - финалист на Македонскиот Андроид™ Предизвик | doktori-mk-android | Портал за медицина и здравје

Доктори.мк со својата андроид апликација - финалист на Македонскиот Андроид™ Предизвик

Почитувани читатели, продолжуваме да го доближуваме здравјето до вас. Нашата нова апликација - Доктори.мк ќе ви овозможи да не следите и преку своите андроид мобилни уреди. Сите заинтересирани читатели кои се корисници на Vip може да ја симнат нашата апликација преку Vip Store, кој може да го најдете на следниот линк.

 

Идејата да се создаде мобилна апликација на Доктори.мк, потекна од нашата желба да помогнеме во грижата за вашето здравје. Токму таа наша желба беше и "виновникот" за создавањето на веб порталот Доктори.мк пред околу 2 години. 

Апликацијата е продолжение на стремежот на нашиот тим за одржување и подобрување на колективното и индивидуалното здравје. Веруваме дека ќе ви се допадне, но и дека ќе ви биде навистина корисна во многу секојдневни ситуации. 

Замислена е како алатка која вам, како идни корисници, ќе ви биде од помош во итни и непредвидливи ситуации. Меѓу другото, таа ќе овозможи откривање на најблиските здравствени установи во средини непознати за корисникот и интерактивно ќе ги поврзе корисниците со докторите.

Со новата апликација преку вашиот мобилен телефон ќе имате брз и лесен пристап до прашања и одговори поврзани со вашето здравје. Понатаму, ќе биде овозможен пристап до многубројните статии  и совети за здравјето напишани од тимот на Доктори.мк, тим кој е составен од реномирани и стручни лица од областа на медицината. Продолжуваме и со промоцијата на нашите лекари, стоматолози, фармацевти, психолози, логопеди, нутриционисти и физиотерапевти чии профили ќе бидат достапни на оваа апликација.

 

Карактеристики на уникатниот новитет - Прашања и одговори

  • Можност корисниците да поставуваат прашања преку својот мобилен телефон;
  • Докторите од нашиот тим примаат известување дека е поставено ново прашање и ако е од нивната област, го одговараат;
  • Корисникот веднаш на својот мобилен телефон добива известување дека прашањето кое го поставил е одговорено;
  • Корисниците можат да ги оценуваат одговорите на докторите, во зависност од тоа дали им се допаѓаат. 

Пристап до најновите статии од веб порталот Доктори.мк, како и до профилите на нивните автори

Локатор на медицински установи во Република Македонија

  • Лоцирање на корисникот и прикажување на најблиските установи со информации за нивното име, адреса и телефон;
  • Персонализирање на локаторот по тип на установа и далечина;
  • Можност за додавање нови локации;

Благодарност до нашиот тим на програмери

Апликацијата Доктори.мк е финалист на овогодинешниот Македонски Андроид™ Предизвик во организација на мобилниот оператор Vip. За овој успех мора да им се заблагодариме на Мартин Митревски, Ема Танаскоска и Виктор Митревски, тимот на програмери кои го иницираа и комплетно реализираа овој проект.

Сите заинтересирани читатели кои се корисници на Vip може да ја симнат нашата апликација преку Vip Store, кој може да го најдете на следниот линк

www.doktori.mk, 21.11.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости