Биолошки третмани за рак

доктор на медицина

 

Биолошките третмани за канцер, познати и како метаболички третмани, се базираат на принцип на детоксифицирање и зајакнување на телото, така што тоа да може да ги надмине и метаболизира клетките на ракот.

Овој приод речиси секогаш се спроведува преку исхраната, во повеќето случаи со помош на додатоци во исхраната и/или билки, или со применување на процедури за детоксификација, како што се прочистување на цревата и клизми.

Потекло

Се смета дека Парацелзус и Хипократ го лечеле канцерот со помош на природни лекови (преку храна), но тешко е да се потврди дека тие всушност лекувале канцер, којшто најчесто се смета како болест на модерниот човек. 

Современите биолошки терапии за канцер почнаа да се појавуваат на почетокот на дваесеттиот век.

Терапијата развиена од страна на Max Gerson (1881 - 1959) е веројатно најистакната меѓу првите терапии, иако Gerson имал подеднакво еминентни современици.  Терапијата Gerson го нагласува јадењето органска храна, користењето на клизми со кафе и прочистување на телото со одредени додатоци во исхраната. И покрај тоа што резултатите варираат, многу експерти по алтернативна медицина специјализираат во областа на пронаоѓање лек за канцер.

Предности

Биолошките третмани за канцер не се инвазивни и ги немаат истите последици како при хемотерапијата и зрачната терапија. За разлика од биолошките третмани, конвенционалните медицински третмани го ослабуваат или целосно го уништуваат имунолошкиот систем на телото и возможно е да го остават пациентот во многу слаба состојба.

Биолошките третмани функционираат преку зајакнување на имунолошкиот систем, така што тој да може да ги надмине сите абнормални состојби. Успешните биолошки третмани на туморите прават пациентот да се чувствува подобро од што се чувствувал пред да се разболи, со ефикасно усогласени телесни функции и повисоко ниво на енергија.

 

Опис

Сите биолошки терапии за канцер се фокусираат на зајакнување на човечкиот организам, така што тој да може да го уништи канцерот, наместо да се фокусираат на самиот канцер, како што е случај со конвенционалната, стандардна медицина. На тој начин, сите овие терапии го промовираат здравиот начин на живот, како суштински дел од лечењето. Конкретно, оваа состојба бара воздржување од обработена, денатурализирана храна и со тоа елиминирање на токсините од режимот на исхрана и животната средина.

Природната хигиена и другите алтернативни терапии препорачуваат свежо овошје и зеленчук во изобилство. Терапијата Gerson користи свежи сокови од органски извори. Особено во почетокот, од витално значење за третманот е детоксификацијата, која е процес на охрабрување, а понекогаш и поттикнување на телото да ги елиминира отровите, кои се складирани во клетките на телото и гастроинтестиналниот систем. Во случајот на заболени од рак, овој процес вклучува значително количество на токсичен отпад, којшто мора да се исфрли надвор од организмот.

Паралелно со процесот на детоксификација, овој третман има за цел да му обезбеди на организмот обилни резерви на свежи ензими и хранливи состојки кои му овозможуваат на телото да се обнови и да го обнови ендокриниот и имунолошкиот систем.

При лекување на повеќето заболувања и болести со природни терапии, пациентот се охрабрува да вклучи и програма на вежби, за да се подобри ефективноста на третманот. Сепак, пациентите со рак може да не се доволно силни за такви активности и притоа да им е потребна на располагање целата сила за да се борат против ракот. Во тој случај, тие се советуваат да се вклучат на програма за вежбање, во моментот кога ќе се почувствуваат  доволно силни за да го сторат тоа.

Лекари - практикувачи

Лекарите кои се успешни во лекувањето на сериозни болести, особено ракот, имаат репутација на многу строги лекари за нивните пациенти. Кога се прашани, многумина велат дека доколку пациентот заболен од рак не е подготвен сериозно да се справи со проблемот на детоксификација и прецизно да ја следи диетата, постои мала надеж дека тие ќе бидат во можност да ја надминат болеста. Често пациентите кои се во послаба здравствена состојба имаат потреба од поддршка на терапевт, кој е подготвен да биде упорно до нив.

  • MAX GERSON

Герсоновата терапија веројатно се смета за оригиналниот биолошки третман за ракот.

Во својата книга ‘‘Терапија за Ракот, Резултати од Педесеттина Случаи‘‘ Gerson има документирано 50 успешни случаи на пациенти лекувани од рак. Тој објаснува дека случаите во неговата книга биле најопширно документирани и поради тоа, повеќето од нив биле погодни за целите на неговата демонстрација на лекување. Gerson верува дека хронични болести се јавуваат како резултат на нутритивниот дефицит и токсичноста.

За да ги победи овие недостатоци, самата терапија се потпира главно на свежи органски сокови, но вклучува и додатоци во исхраната, како и строги инструкции за начинот на живот. Од витално значење на овој третман е кафе клизмата, објаснува тој, за да се постигне темелна детоксикација. Во Обединетото Кралство, на Универзитетот во Манчестер, едно истражување следеше шест пациенти заболени од рак, сите со слаба прогноза, кои се придржуваа до Герсоновиот режим. Истражувачите забележале дека Герсоновата програма овозможува и физичка и психичка поддршка. Американското здружение за рак предупредува дека може да се случат несакани последици кога се користи овој вид на терапија.

 

  • LINUS PAULING

Добитникот на Нобеловата награда за мир, Linus Pauling (1901-1994), многу години ги истражувал влијанијата на исхраната и суплементите во истата при лекување на болеста, а тој е генерално прифатен како најкомпетентен авторитет на оваа тема. Во 1979 година, тој е ко-автор на книгата “Ракот и Витаминот Ц“, заедно со Ewan Cameron. Паулинг се залагал за додатоци во исхраната, особено огромни дози на витамин Ц, при лекување на ракот и другите дегенеративни болести. Во 1979 година, во Калифорнија, бил формиран The Linus Pauling Institute of Science and Medicine. Во 1996 година, Тhe Linus Pauling Institute во Oregon State University ја заменил поранешната организација. Истражувањата на Институтот покажале дека исхраната влијае врз генетската поврзаност со ракот, бидејќи одредени компоненти на диетата имаат способност да ги активираат или деактивираат гените.

Истражувачите, исто така, откриваат дека елементи во рамките на круциферните зеленчуци, од фамилијата Brassicaceae, како што се брокулите, кинеска зелка и прокељот, имаат моќни антиканцерогени својства. Голем број на студии во Институтот, од 2008 година па до денес, се обидуваат да ги прошират знаењата во оваа област.

 

  • ANN WIGMORE

Сок житни треви и зелје се основата на режимот осмислен од страна на Ann Wigmore (1909 -1994). Таа првично го осмислила овој третман за да ги излечи сопствените хронични болести, вклучувајќи го и ракот, и била успешна во помагањето на луѓето со децении. Вигморовата диета се фокусира првенствено на свежа храна. Wigmore почувствувала дека суровиот зеленчук содржи повеќе хранливи состојки отколку кога се готви и е без хемиски адитиви со кои се преработува храната. Нејзиниот третман продолжува да се практикува во 2000-тите на Hippocrates Institute и бил усвоен од страна на голем број на лекари по алтернативна медицина, како основа за нивниот третман. Во книгата, ‘‘Wheatgrass Nature’s Finest Medicine: The Complete Guide to Using Grasses to Revitalize Your Health“, авторот Steve Meyerowitz пишува дека житните треви  ''го подобруваат и максимизираат потенцијалот за целосно исцелување.''

Според Американското здружение за рак, житните треви се ‘‘генерално безбедни'', со само неколку инцидентни реакции, како гадење, главоболки, трески или отоци на грлото. Доколку поединци доживеат треска или оток на грлото, тие треба да побараат итна медицинска нега, бидејќи тоа може да биде показател на сериозна алергиска реакција.

 

  • RANDOLPH STONE

Randolph Stone (1890-1981) за време на неговата кариера, која траела 60 години, развил систем познат како Поларна Терапија. Стоун верувал дека здравјето треба да се мери со проценка на енергетското поле на човекот, што е под влијание, на пример, на секојдневниот живот, исхраната, вежбањето, допирот и звукот. Stone препорачува сеопфатен режим кој се состои од терапија со допир (каде рацете на лекарот се проводни цевки на енергија), начин на исхрана (вегетаријанската исхрана е нагласена, поради тоа што се смета дека храната собрана на ненасилен начин содржи повеќе енергија), како и јога (за синхронизирање со сопственото тело). Овие практики го балансираат здравјето и така се произведуваат задоволителни енергетски полиња.

 

  • MICHIO KUSHI

Микробиотиците се однесуваат на систем на верување, во кој се наведува дека луѓето се под влијание на сето она околу нив, вклучувајќи ја и животната средина, храната што тие ја конзумираат, па дури и местото каде што живеат. Се промовира позитивниот начин на живот, со цел да се задржи добриот изглед и менталното здравје. Веројатно најпознатиот учител по микробиотици во САД,

Michio Kushi, ја напишал книгата ‘‘The Cancer Prevention Diet ‘‘ во соработка со Alex Jack во 1993 година. Таа претставува сеопфатен водич за превенција и лекување на ракот со макробиотичка исхрана.

 

Терапии

БОТАНИЧКА МЕДИЦИНА

Постојат неколку различни терапии кои се вклопуваат во оваа категорија, кои генерално опфаќаат хербални лекови, кинеско билкарство и неколку други етнички билкови дисциплини. Едно истражување од University of Toronto објави докази дека растенијата како што се зелениот чај, Азискиот женшен, доматите, лукот и сојата имаат способности да го спречат ракот и посочи дека се изведуваат дополнителни истражувања за да се утврди ефикасноста при лекување на ракот на куркумот, essiac мешавините на билки, маслото од вечерна јаглика, реиши печурките, имелата и шитаке. Научниците, исто така, сугерираат дека ѓумбирот може да биде ефикасен избор при лекување на гадење и повраќање, кои понекогаш ја придружуваат хемотерапијата.

ПРИРОДНА ХИГИЕНА

Применувачите на Природната хигиена  имаат долга историја на успешно лекување на сериозни болести, како што е ракот. Оваа вегетаријанската исхрана е наменета за одржување на здрав и среќен живот. Се препорачува одмор, свеж воздух, житарици, овошје и зеленчук. The American Natural Hygiene Society е добар извор на информации во врска со лекувањето и применувачите.

АЈУРВЕДСКА МЕДИЦИНА

Овој, со векови стар систем на природна медицина, потекнува од Индија. Arvada има концепт на животна сила, кој е сличен на Кинеското хи. Таа има за цел да го исчисти телото од непожелната материја, потоа да го обнови со помош на добра исхрана, а во исто време им приоѓа на сите аспекти на животот на пациентот, и физички и духовно. Овој систем е признат од страна на Светската Здравствена Организација.

MAКРОБИОТИЦИ

Оваа диета се состои претежно од Зрнеста храна и зеленчук. Таа е создадена во контекст на единствената филозофија за храна, која влече свои корени од јапонските и кинеските теории. Бидејќи цената во различни места на светот варира, од суштинско значење за пациентот е да разговара за истата со својот лекар пред почетокот на третманот.

Препарати

Сите овие лекари, на пациентите заболени од рак и на сите оние кои сакаат да го подобрат своето здравје, им препорачуваат свежи природни производи, по можност органски. Онаму каде што се препишуваат хербални лекови или други додатоци, од голема важност е да се купи оригинална формула, а не копија. Се случувало да се користат неавтентични лекови од страна на бескрупулозни индивидуи и тоа да се препише на имињата на добро познати лекари.

Мерки на претпазливост

Ниту една од терапиите нема да биде ефикасна ако режимот не е проследен во целост. Не е важно колку е добар квалитетот на органското производство, пациентот нема да почувствува придобивки доколку е изложен на загадување во животната средина или ако процедурите за детоксификација се несоодветни. Поради таа причина повеќето лекари препорачуваат лечењето да се одвива во условите на една клиника каде што сите овие детали ќе бидат одговорност на вработените, пациентот ке биде ослободен од стресот и ќе може да се концентрира на тоа да се подобри.

Всушност, многу лекари кои третираат карцином, го сфаќаат нивното лекување многу сериозно и ќе одбијат да третираат пациенти кои не се подготвени да ги преземат сите неопходни чекори и вистински да се посветат на нивното подобрување. Тие предупредуваат дека природните лекови за рак не се лесни, ракот е знак дека интегритетот на телесниот систем е сериозно компромитиран, и ништо друго освеннајстрог режим, нема да го олесни враќањето на здравјето кај луѓето. 

И покрај тоа, овие терапии сеуште се експериментални и не постојат гаранции за лекување.

 

Несакани ефекти

Несаканите ефекти поврзани со природните терапии се благи во споредба со оние кои најчесто се доживуваат со стандардните третмани. Цената е еден од главните инхибитори на овие начини на лекување.

Како и да е, во случаи каде што се лекува ракот, кризата при самото заздравување може да биде непријатно искуство. Применувачите на алтернативната медицина сметаат дека сите болести се резултат на токсична состојба во телото, и ракот, како една од најсериозните болести, е показател за посериозни нивоа на токсичност.

Нивото на токсичност кај пациентот, кој е подложен на овие алтернативни третмани, означува дека неговото тело почнува да ги ослободува овие токсини, крвниот систем станува преоптоварен и пациентот искусува главоболки, треска, гадење, а во некои случаи и екстремна чувствителност на стимули, како што се звукот и светлината. Во тој случај, поради овие несакани ефекти, мошне препорачливо е да се побара лекар кој ќе помогне при детоксификацијата.

Истражување и општо прифаќање

Стандардната медицина најсилно се спротиставува на алтернативната медицина во своите третмани за рак и овие природни третмани се предмет на многу негативен публицитет. Алтернативните практичари тврдат дека пациентите со рак, во најмала рака треба да имаат можност за избор на биолошки лек за нивната болест. Голем број применувачи на алтернативната медицина,  им препорачуваат на своите пациентите да ги споредат статистиките кога се одлучуваат за начинот на лекување кој е најдобар за нив и да побараат да видат документација.

Обука и сертификација

Сите погоре именувани применувачи поседуваат дипломи од висок степен,  некои од нив се со медицински дипломи, други со професорски титули. Организацијата People Against Cancer специјализира во помагањето на луѓето да најдат соодветен кадар и соодветни терапии. Тие, исто така, обезбедуваат практична помош во врска со спроведувањето на терапиите, може да даваат совети за книги и слично.

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

 
 
www.doktori.mk, 22.11.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина