Ново од Медикаплус ДОО Охрид

Медикаплус ДОО Охрид - Посветени на континуиран развој и проширување на понудата

Друштвото  МЕДИКАПЛУС ДОО Охрид, следејќи ја својата визија за континуирано вложување во развојот на нови производи  и  проширување на својата понуда,  во текот на овој месец на пазарот пушти палета на стерилни производи  (завои, гази, компреси од газа, очни компреси  и други стерилни производи) произведени во соработка со компанијата Салвамед  АД од Сандански, Р. Бугарија (услуга стерилизација).

Лидер во производството на медицински потрошен материјал

Компанијата Салвамед АД е ќерка фирма на италијанскиот бренд "LUIGI SALVADORI" s.p.a  Флоренца,  лидер во Италија во производството на медицински потрошен материјал за еднократна употреба. 

Стерилни производи произведени по највисоки стандарди за квалитет

Стерилните производи се дизајнирани во сите стандардни димензии согласно барањата на пазарот и наменети се пред се за продажба во аптеките.

Друштвото МЕДИКАПЛУС ДОО Охрид, на пазарот ќе пушти и стерилни компреси со РТГ лента, во повеќе различни димензии, наменети за ординации и специјалистички болнички установи од областа на хирургијата и офталмологијата. 

Стерилните производи се произведени по највисоки стандарди за квалитет, носители се на СЕ ознака (ознака за конформитет), во согласност се со нормите на  Европската фармакопеја (Ph EUR), и  директивите за добра производна пракса (GMP). Истите се регистрирани во Министерството за здравство, Биро за лекови на Р. Македонија, а на пазарот ќе се продаваат под брендот  „ЛАБИНО’’ сопственост на МЕДИКАПЛУС  ДОО Охрид.

Повеќе информации: 046/273-003

www.medicaplus.com.mk

 

 

-комерцијален текст-

www.doktori.mk, 22.11.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости