Детоксикација на вашето тело

студент на медицина

Се чуствувате ли слабо и несинхронизирано? Имате ли проблеми со кожата, болки во мускулите или проблеми со варењето на храната? Во последно време скршнувате од  здравиот начин на исхрана?

Можеби е време да направите детоксикација на вашето тело. Тоа не само што ќе ви помогне да се заштитите од болести, туку и ќе ве направи да се чуствувате одморени и полни со енергија за исполнување на задачите преку целиот ден. 

 

Што всушност значи детоксикацијата ?

Во суштина детоксикацијата значи прочистување на крвта. Тоа во главно се случува со отстранување на нечистотии од крвта преку црниот дроб, каде токсините се обработуваат пред да бидат исфрлени. Телото ги елиминира токсините и преку бубрезите, цревата, белите дробови, лимфата и кожата. 

Како да знаете дали ви треба детоксикација?

Истражувањата покажуваат дека секој има потреба од детоксикација барем еднаш годишно. Детоксикацијата е корисна за здравјето. Но сепак не се препорачува за доилки, деца и пациенти со хронични дегенеративни болести, рак или туберкулоза.

Најчести симптоми кои укажуваат дека телото има потреба од детоксикација се: замор, иритирана кожа, алергии, ќеси под очите, дистендиран желудник, па дури некогаш се вбројуваат и менструалните потешкотии и менталната конфузија.

 

Совети за детоксикација на вашето тело

  • Конзумирајте храна која содржи растителни влакна, вклучувајчи и ориз, цвекло, роквици , зелка, односно свежо овошје и зеленчук;
  • Пијте зелен чај;
  • Земајте витмин Ц, тој овозможува побрзо отсранување на токсините од црниот дроб;
  • Пијте најмалаку 2 литри вода дневно;
  • Дишете длабоко, со тоа ќе му овозможите да кислородот на циркулира подобро во вашиот организам;
  • Туширајте се наизменично: 5минути топла, 30 секунди ладна вода;
  • Опуштете се со вежбите за релаксација, од типот на ( јога, медитација итн.);
  • Вежбајте редовно (најмалку 1 час);
  • Сведете го на минимум внесувањето на никотин, кофеин, алкохол , шеќер;
  • Посетувајте сауна – со самото потење вашето тело е подложено на природна детоксикација.

 

Дознајте повеќе за авторот > > >

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 13.11.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил