Со правилна исхрана до здравa уста и тело

специјалист по ортодонција
ПЗУ Орто Про Фиделис - Скопје

Добрата исхрана и здравите навики се неопходни за одржување на оптималното орално, но и целокупно здравје. Притоа треба да се знае дека скоро сите прехрамбени намирници вклучувајќи ги и млекото и зеленчукот, содржат некој облик на шеќер.

При изборот на храна и пијалок скогаш треба да имате на ум за нивното влијание на вашето тело. Секогаш кога уживате во засладената храна или пијалок, шеќерот од тие намирници во комбинација со бактериите присутни во усната празнина ќе ги "избањаат" вашите заби во штетна киселина која го напаѓа емајлот за време од дванаесет минути. Со секое ново внесување на шеќери вашите заби стануваат се посклони кон кариес.

Покрај тоа што е важно во исхраната да бидат застапени намирници од петте главни групи (житарки, овошје и зеленчук, месо, риба, млечни производи), не е пожелно да се исфрли целиот шеќер од исхраната. Скоро сите намирници вклучувајќи ги млекото и зеленчукот, содржат некој облик на шеќер. Наместо да се исфрли шеќерот од исхраната би било пoжелно да се прочита декларацијата на храната или пијалокот и така да се намали вкупниот внес на дополнителни шеќери преку бомбони, колачи, "грицки" и останата видови помалку "здрава" храна.

Исто така, треба да се знае дека енергетските пијалоци и газираните пијалоци го оштетуваат емајлот кој е најтврдата супстанција во човечкиот организам и е првата "одбранбена линија" на вашите заби.

За да ги сочувате вашите заби и непца здрави би требало да се придржувате на следниве совети:

  • Десертот изедете го веднаш по ручекот или вечерата бидејќи за време на оброкот се лачи поголемо количество на плунка, која го намалува дејството на киселините врз емајлот;
  • Не "грицкаjте" помеѓу оброците;
  • Помеѓу оброците (доколку имате потреба) конзумирајте овошје или зеленчук;
  • Наместо газирани пијалоци бирајте природни сокови со мал процент на шеќери;
  • Пијте помеѓу 8 и 12 чаши вода на ден;
  • Четкајте ги забите најмалку два пати на ден и при тоа употребувајте забен конец;
  • Редовно посетувајте го вашиот стоматолог.


-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 06.11.2012

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија