Што носи стареењето?

  • Остеопороза;
  • Скршеници.

Што ни покажуваат истражувањата?

Во 30-тите години од животот, Вашето тело престанува да складира калциум, па доколку не го внесувате овој минерал со исхраната, телото ќе почне да ги празни депоата. Друга причина за крути и кршливи коски е недостатокот од физички вежби. „Коските се живи ткива, и како и мускулите, треба да се вежбаат за да се одржуваат. Вежбајте ги на најразлични начини“, изјавува д-р Карла Сотовија од Далас, САД.

Што можете да направите?

Д-р Сотовија препорачува активности кои вклучуваат најразлични движења, како танцување или тенис. За спречување на остеопорозата, во дневната диета се потребни 1000-1200 милиграми калциум, заедно со 400 IU витамин Д и 350-400 милиграми магнезиум.

 

Останати совети и стратегии од рубриката

„Одржувајте ги Вашето тело и ум во топ форма“

www.doktori.mk, 30.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил