Доктори.мк | Мажите се подобри во мултитаскинг - вистина или мит? | mazi-multitasking-zeni | Портал за медицина и здравје

Мажите се подобри во мултитаскинг - вистина или мит?

Шведските научници спровеле истражување коешто покажало дека е само мит мислењето според кое жените се поснаодливи од мажите кога истовремено треба да се извршат неколку работи.

 
Професорот Тиме Ментиле, професор по психологија на Универзитетот во Стокхолм дошол до заклучокот дека способноста за извршување неколку работи поврзана со спацијалната интелигенција, кај жените се менува со фазите на нејзиниот менструален циклус, како и дека мажите се поснаодливи од жените во ткн мултитаскингот во текот на некои делови од менструалниот циклус.
 
„Резултатите покажуваат јасна разлика во мултитанскингот меѓу мажите и жените во текот на овулацијата, но тој ефект се поништува кога жената менструира", вели шведскиот научник.
 
„Претходните истражувања покажаа дека спацијалната интелигенција кај жените варира за време на менструалниот циклус, како и дека е најголема за време на менструацијата, а значително помала во времето на овулацијата, кога кај жените е зголемено нивото на естрогенот", појаснува Маентилае.
 
„Нашите резултати покажуваат дека мажите се поснаодливи, односно подобри кога треба истовремено да извршат неколку работи", се наведуваа во соопштението на тимот шведски научници.
 
Во истражувањето чиишто резултати ќе бидат објавени во магазинот Psychological Science биле вклучени 160 мажи и жени на возраст од 20 до 43 години коишто истовремено требале да го следат времето на три дигитални часовника кои со различни брзини покажувале различни времиња и да реагираат на повторувањето нa личните имиња на екран.
 
 
Извор Макфакс
 
www.doktori.mk, 26.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости