400 диоден софт ласер – најново медицинско откритие против опаѓање на косата

Ниско енергетската ласерска светлина е еден од најновите клинички докажани третмани  за решавање на проблемот со губење на косата.

Целните ткива или клетки, како клетките од фоликулот на влакното апсорбираат ласерска светлина со точно одредена бранова должина. Енергијата од апсорбираната светлина го зголемува енергетското ниво на молекулите од клетките, кои како реакција на таа енергија ги интензивираат процесите на молекуларно ниво.

Освен преку овој механизам, стимулацијата на растот на косата се обезбедува и преку засилената пролиферативна активност на клетките од фоликулот на влакното.

Таа зголемена активност на клеточно и молекуларно ниво се ефектуира во формирање на ново влакно.

Исто така, документираните докази покажуваат дека ласерската енергија ја претвора фоликуларната апоптоза (програмирана клеточна смрт), што значи дека го продолжува животниот век на фоликулот.

Медицинските експерти разгледувајќи ги тековните податоци се согласуваат дека најновото откритие 400 Диодниот СОФТ ласер може да биде ефективен за третирање на машки и женски тип на опаѓање на коса, независно дали се користи самостојно или во комбинација со други третмани.

Успешноста на третманот зависи од бројот на ласерски диоди, како и брановата должина на ласерската светлина. 101 Hair Care го користи најмодерниот и најмоќен 400 диоден ласер кој претставува најнова иновација во Американската и Јапонската ласерска технологија. 400 диодниот ласер овозможува целосна опфатност на сите фоликули на главата наеднаш со континуирано дејство на ласерската светлина од 20 минути со што се постигнува максимален ефект на раст на косата по само 3 месечен третман.

Најновото медицинско истражување и клиничка студија спроведена од страна на најпознатиот светски научник и истражувач на проблеми со коса и трансплантација на коса Проф. Д-р Craig Ziering докажа дека преку 400 Диодниот СОФТ ласерскиот третман се добиваат следните позитивни ефекти врз косата:

 

1. Повторен раст на коса, го задржува изгледот на косата во 85-93%

Студијата покажа дека 90% од лицата кои ги применуваат ласерските третмани, покажуваат знаци на намалено опаѓање на косата и повторен раст на косата после 6-12 недели, а очигледно подобрување се забележува после 12 недели.

2. Делува кај сите типови на губење на коса и проблеми на скалп

Се препорачува кај машки и женски тип на опаѓање на коса, а помага и кај опаѓање поради хемиско оштетување, егзема, себореа, хормонални промени, медикаменти, диета и стрес. Нема разлики во резултатите меѓу мажи и жени.

3. Подобра крвна циркулација

Ласерскиот третман ја зголемува циркулација дури до 54% со само еден третман. Тоа им обезбдеува на фоликулите подобра апсорпција на нутритиенти, со што се превенира губењето на косата и се обезбедува раст на здрава, цврста и сјајна коса.

4. Ги подобрува резултатите од ДХТ инхибицијата

Студијата покажа дека ДХТ инхибиторите имаат подобар ефект кога се комбинираат со ласерски третмани. Поради зголемената циркулација од ласерот е подобрена и апсорпцијата на екстрактите со инхибиторен  ефект на ДХТ.

5. Помага на ново трансплантираните влакна да се зацврстат и го помага процесот на заздравување

6. Ласерскиот третман  е неинвазивен и нехируршки метод.

7. Не е медикамент, нема непријатни мириси.

8. Ласерскиот третман за коса е медицински тестиран и докажан дека е безбеден и ефективен.

Многу студии покажуваат дека снабдувањето на фоликулот со витални нутритиенти и кислород  додека се намалува акумулирањето на ДХТ, обезбедува забележливо подобрување на косата кај 40% од третираните лица после 6 недели од ласерскиот третман. Повеќе од 90% имаат позитивни резултати со раст на нова коса од 19 нови влакна на сантиметар квадратен. Меѓутоа, овој третман е долг, и бара сериозност и трпеливост заради постигнување оптимални резултати. За некои пациенти со посериозно проретчување на косата е потребен третман од 6-12 месеци.

 

комерцијален текст

 

www.doktori.mk, 25.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил