Пушењето во автомобил е здравствена лудост

Пушењето е секако една многу штетна навика од која морате да се ослободите, а пушењето во автомобил е една од најопасните варијанти на овој порок. Покрај фактот што многу несреќи се предизвикани од барање на падната цигара во автомобилот, загадувањето на воздухот е застрашувачко!

Едно истражување на Универзитетот во Абердин, Шкотска, откри дека додека патува со автомобил просечниот пушач пали по 4 цигари, а тоа предизвикува загадување на воздухот кое е три пати поголемо од дозволеното ниво во затворен простор. Ако сакате прецизно - тоа изнесува 85 микрограми на кубичен метар.

Само една запалена цигара, со подотворен прозор во автомобилот, го загадува воздухот над дозволената граница, бидејќи нивото на тутунски чад е еднаков на половина од загадувањето во најзадушливите барови.

Особено е опасно да се пуши доколку има деца во автомобилот поради нивниот послаб имунитет. Пасивното пушење често е подлога за респираторни инфекции, како и многу други заболувања.

 

www.doktori.mk, 18.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости