Жалфија и мед за лекување на афти

доктор по стоматологија

Раничките на слузокожата на усната шуплина (афтите) претставуваат многу чест и непријатен проблем. Најчесто настануваат на внатрешната страна на усните и образите, како и во пределот на горната и долната вилица, а можат да се појават и на самиот раб на јазикот или на неговиот корен. И покрај тоа што се ситни, афтите се многу болни, дури и при најмало движење со устата, така што луѓето кои ги имаат не можат да јадат. Тие можат да настанат на различни начини, но најчесто се работи за драстичен пад на имунитетот или изразена авитаминоза. Настануваат и при силни стресови. Исто така, појава на овие ситни ранички може да предизвика и лошата орална хигиена затоа што зголемената киселост во усната шуплина придонесува создавање афтозни лезии.

Лекување на афтите

За нивно лекување постојат разни природно-медицински препарати. Меѓу нив е прополисот, а се препорачува помеѓу оброците да се пие сок од брусница, кој ги ублажува болките и помага во заздравувањето на слузокожата. Освен тоа, добро е усната шуплина редовно да се испира со раствор направен од жалфија и мед.

Како се припрема раствор од жалфија и мед?

Три лажици жалфија се ставаат во 1 dl топла вода и се остава 15 минути да стои. Потоа се процедува и се става мала лажица мед да се раствори во водата. Кога растворот ќе подолади, може да се употреби за испирање. Овој раствор може да се проголта.

 

дознајте повеќе за авторот

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување
www.doktori.mk, 18.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација