Како да се справите со своите стравови?

Дали ви се потат дланките секогаш кога ќе помислите на летање со авион? Дали тоа се случува кога одите на интервју за работа или кога зборувате пред повеќе луѓе? Анксиозноста не напаѓа сите на различен начин...

 

Резултатите од едно истражување спроведено на Калифорнискиот Универзитет  велат дека справувањето со нашите стравови може да биде едноставно колку и нивното именување.

Имено, истражувачите на 88 лица кои имаат фобија од пајаци им дале задача да се доближат до кафез со тарантули. Потоа им бил покажан друг тип на пајак и биле замолени да изберат една од следните опции: вербално да ги искажат своите негативни чувства, објективно да го опишат пајакот, да зборуваат за нешто сосема неповрзано со пајаци или да молчат.

По една недела од нив било побарано повторно да му се приближат на пајакот.

Резулататите покажале дека луѓето кои избрале да ги вербализираат своите емоции, по само една недела имале намален степен на страв, и помал степен на потење на дланките при страв, за разлика од останатите. 

Зошто?

Проф. д-р  Даг Менинг од Њујорк вели дека штом човекот успее добро да го идентификува искуството - позитивно или негативно - тоа му создава умствен простор за обработка на чувствата и ја спречува нивната контрола врз менталните процеси.

 

Дали сте подготвени за справување со анксиозноста? Еве неколку совети како да си помогнете и да ги зауздате своите стравови:

1. Бидете присутни 

Анксиозноста ве влече кон неизвесна иднина. Како што расте вашата свесност за она  што го чувствате ментално и физички во даден момент, така се намалува моќта на анксиозноста. 

2. Разберете дека она што сте го спознале не ви е судбина

Да знаете што чувствувате од една страна е важно, но од друга страна тоа не значи дека  чувствата секогаш се вистински. Имањето на комплетна претстава за своите емоции во секое време, ви дава поголема моќ да реагирате соодветно.

3. Дајте им име на стравовите

Именувајќи ги емоциите создавате простор за вистински да ги почувствувате, и ги отстранувате неодложните имплуси кои ве тераат на одреден начин на реагирање.

4. Дајте им лице на стравовите

Создадете ликови со цел да ги персонализирате и екстернализирате емоциите. На пр. жолто чудовиште за анксиозноста. Тоа ќе ви помогне полесно  да се соочите со нив без непотребната напнатост и  возбуденост.

 

www.doktori.mk, 16.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина