Што носи стареењето?

  • Сува кожа;
  • Отоци;
  • Вкочанетост;
  • Деформитети на прстите.

Што ни покажуваат истражувањата?

„Со текот на годините стапалата, поради задршката на вода или олабавувањето на лигаментите, можат да ја менуваат големината“, изјавува д-р Џејн Андерсен од Американската Асоцијација за Подијатрија. Во некои случаи, доколку носите чевли кои не ви одговараат, можете да се здобиете со деформитети на прстите и стапалата.

Што можете да направите?

Менувајте ги чевлите почесто. Носете различни типови на обувки. „Деформитетите на стапалата настануваат поради повторувачки движења и можат да се спречат доколку носите чевли кои ви одговараат совршено или користите влошки за стапала“, вели д-р Андерсен. Исто така, докторката препорачува стапалата да се премачкуваат навечер со нежен ексфолијатор или интензивен хидратантен лосион, за да се зачуваат нежни и здрави.

 

Останати совети и стратегии од рубриката

„Одржувајте ги Вашето тело и ум во топ форма“

www.doktori.mk, 15.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил