Доматите помагаат во намалување на ризикот од мозочен удар

Мажите коишто ги сакаат доматите имаат помалку шанси да доживеат мозочен удар, покажало финско истражување според кое во текот на десет години мажи со релативно високи нивоа на антиоксидансот ликопен имале 55 отсто помалку можности за мозочен удар.

Ликопенот е материја којашто ја дава црвената боја зеленчукот, како доматите, пиперките и лубениците. За повеќето луѓе, доматите се далеку најважниот извор на ликопенот во исхраната.
 
Резултатите од истражувањето коишто опфатило околу илјада мажи на возраст меѓу 46 и 55 години се објавени во специјализираниот магазин Neurology. Како што вели водителот на истражувањето Јоуни Карпи од Универзитет во Куопи, Финска, ликопенот е силен антиоксиданс, што значи дека помага во заштитата на клетките во организмот од оштетувања коишто може да предизвикаат заболувања.
 
Лабораториските испитувања покажале дека ликопенот би можел да игра важна улога и во борбата против инфекциите и затнувањето на крвните садов и дека во тоа би можел да биде поуспешен од повеќето други антиоксиданси. Меѓутоа, научниците предупредуваат дека истражувањето не покажало дека самите домати го намалуваат ризикот од мозочен удар, и напомнуваат дека и други фактори кај мажите со високо ниво на ликопен може да играат таква улога.
 
Професорот Карпи истакнува дека ова истражување потврдува дека во исхраната е потребно да се внесува што повеќе овошје и зеленчук.
 
Извор Макфакс
www.doktori.mk, 12.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости