Доктори.мк | Интервју со д-р Марија Јакимовска – Специјализиран ХБО2Т-Центар | intervju-so-dr-marija-jakimovska-hb02t-centar | Портал за медицина и здравје

Интервју со д-р Марија Јакимовска – Специјализиран ХБО2Т-Центар

Хипербаричната кислородна терапија се заснова на употреба на стопроцентен кислород во услови на висок притисок. Основата на оваа медицинска гранка е многу едноставна, но позитивните ефектите кои се постигнуваат се многубројни и наоѓаат примена во третманот на голем број на заболувања, како: шеќерна болест, третман на рани и скршеници, мултипла слероза, кардиоваскуларни заболувања, акутно слепило, тинитус, аутизам итн. Денес, оваа метода во светот ја применува и секоја модерна жена за зачувување на својата убавина, спортистите за постигнување на врвни резултати и современиот човек кој се соочува со последиците од стресот и неправилниот начин на исхрана.

Од неодамна на нова локација во Скопје, на бул. Јане Сандански бр. 7/1, започна со работа Специјализиран ХБО2Т-Центар, прв приватен хипербаричен центар во Скопје. Центарот е опремен со модерна хипербарична комора која ги поседува сите сертификати од надлежните институции за безбедна работа. Персоналот кој го води овој центар е едуциран и организиран на највисоко ниво.

Доктори.мк беше во посета на Специјализизираниот ХБО2Т–Центар и разговараше со д-р Марија Јакимовска, која раководи со тимот, обучен во полето на хипербаричните третмани. Д-р Марија ни појасни многу работи за хипербаричниот третман, кои состојби ги лекува, а разговаравме и за тоа што може потенцијалните пациенти да очекуваат од терапијата во ХБО2Т-Центарот во Скопје. На крајот заклучивме дека хипербаричниот кислороден третман едноставно мора да се проба.

 

Доктори.мк: Д-р Јакимовска, за почеток ќе Ве замолам накратко да ни кажете со што се занимава хипербаричната медицина?

Д-р Марија Јакимовска: Хипербаричната медицина претставува медицинска гранка која ги проучува позитивните ефекти на 100% медицински кислород врз човечкиот организам, во услови на зголемен притисок. Овој тип на терапија своето дејство го остварува врз целиот организам, делувајќи на основниот причинител на заболувањата - хипоксијата (недостаток на кислород во клетките.

 

Доктори.мк: Што треба да поседува еден современ хипербаричен центар?

М.Ј.: Отворањето на хипербаричен центар во Р.Македонија, кој ќе го следи светскиот развој на оваа медицинска дисциплина, беше предизивик и желба за неговите основачи, но и голема потреба за граѓаните. Специјализираниот ХБО2Т–Центар поседува хипербарична комора со модерен дизајн, изработена според светските стандарди за безбедност. Медицинскиот персонал кој управува со комората е едуциран и сертифициран за управување со ваков тип на опрема. Овој Центар ги обезбедува сите потребни услови за изведување на хипербарична кислородна терапија. Со овој тип на терапија се избегнуваат голем број на инвазивни медицински процедури, кои се болни и по чие изведување следи долг период на опоравување на организмот.

 

Доктори.мк: Зошто денес постои голема потреба од спроведување на хипербарична кислородна терапија?

М.Ј.: Прашањето можеби е како да се постигне квалитетен начин на живот и хармонија на организмот кога голем број од нас уживаат во изобилството од храна, пушење, активен професионален живот исполнет со многу стрес, нарушен сон...

Дури и кога овие фактори би биле под контрола, што е со изложеноста на токсини од животната средина?

Сите овие фактори на кои секојдневно сме изложени ги забрзуваат метаболичките процеси, со што потребата на клетките за кислород е многу голема. Во вакви услови се нарушуваат нормалните процеси во клетките и започнуваат процесите на клеточно умирање. Тоа доведува до нарушена функција на органот и појава на болест.

Доколку клетките се снабдени со дополнителна концентрација на кислород, што се постигнува со хипербаричната кислородна терапија, се постигнуваат идеални улови за нивно функционирање и спречување на предвремното стареење и смрт.

Хипербаричната кислородна терапија претставува единствен нехормонски третман одобрен од Американската Федерација за храна и лекови (FDA) со кој се постигнува репарација и регенерација на ткивата.

Доктори.мк: Каква подготовка е потребна за изведување на хипербарична кислородна терапија?

М.Ј.: Пред изведување на третманот се прави евалуација на пациентот (анамнеза, физикален преглед и дополнителни испитувања по потреба), со што се исклучуваат состојби за кои не се препорачува изведување на вакви третмани. Пополнувањето на прашалник и согласноста за изведување на хипербарична кислородна терапија е задолжителна постапка пред отпочнување на третманот.

Секој пациент во Специјализираниот ХБО2Т-Центар добива листа со совети како да се подготви за хипербаричен кислорoден третман, како и инструкции за изедначување на притисокот во средното уво. Пред секој третман се изработува индивидуален протокол за пациентот со кој се одредува бројот на третманите, нивното времетрање, како и притисокот на кој се изведуваат.

Со ваков тип на подоготовка секој третман во нашиот центар се изведува безбедно и успешно, под постојан надзор на медицински едуциран кадар.

 

Доктори.мк: Кои состојби може да се лекуваат со хипербаричен кислороден третман?

М.Ј.: Оваа специфична медицинска дисциплина има широко поле на делување и се користи во третман на следниве состојби и заболувања:

  • шеќерна болест и дијабетични рани;
  • аутизам;
  • главоболки;
  • церебрален инсулт;
  • мултипла склероза;
  • состојби проследени со анскиозност, нарушен сон, намалено помнење;
  • периферни васкуларни заболувања;
  • акутна глувост;
  • тинитус;
  • парализа на лицев нерв;
  • улкус на желудник и тенко црево;
  • ревматски заболувања;
  • спортски повреди.

 

Доктори.мк: Кои се најчестите заболувања кои се третираат во Специјализираниот ХБО2Т-Центар во Скопје?

М.Ј.: Првите успеси веќе се постигнати во третман на дијабетични рани, главоболки, спортски повреди, ревматски заболувања, како и болести на крвните садови. Најмладите пациенти, децата со аутистичен спектар на нарушување, одлично се адаптираат на условите во центарот и работата со дефектологот. Ова ни овозможува секој третман успешно да биде завршен според предвидениот протокол. Следејќи ги современите трендови на примена на хипербарична кислородна терапија, во нашиот центар третманите се употребуваат и во козметички цели, како и за физичко кондиционирање на спортисти.

 

Доктори.мк: Од досегашното искуство, какви се резултатите од третманот во вашата хипербарична комора? Дали клиентите се задоволни?

М.Ј.: По спроведување на хипербаричната кислородна терапија кај сите пациенти се прави проценка на успехот на третманот. Се постигнаа одлични резултати во третманот на главоболки, како и состојби кои се карактеризираат со нарушен сон, помнење, анскиозност. Кај сите деца со аутистичен спектар на нарушувања се постигна намалување на хиперактивноста, подобрување на говорот, воспоставување на емоционален однос со родителите. За овие позитивни ефекти известуваат и родителите кои се активни учесници во процесот на спроведување на терапијата.

Доктори.мк: Колку според Вас, во нашата држава, луѓето се запознаени со тоа што е хипербарична кислородна терапија и дали кај нас е искористен нејзиниот потенцијал?

М.Ј.: Овој тип на терапија има долга историја во медицинската наука, но во Р.Македонија е на почетокот од својот развој. Соработката со специјалистите од различни медицински области и информираноста на граѓаните е клучна за навремено спроведување на хипербарична кислородна терапија кај голем број на заболувања. Дел од целите на сите вработени во нашиот центар е и едукација на ѓраганите. Со спроведување на информативни разговори, материјали и предавања, секој има можност да се запознае со ефектите на хипербаричната кислородна терапија.

 

Доктори.мк: Какви се искуствата на светско ниво?

М.Ј.: Во периодот од 11-16 септември во Белград беше одржан Интернационален конгрес за Хипербарична и Подводна медицина. Новостите од оваа област се воодушевувачки. Хипербаричната кислородна терапија предизвикува стимулација на матични клетки од коскената срцевина. Оваа медицинска дисциплина ќе биде вклучена во третман на голем број комплексни состојби од областа на неврологијата и кардиологијата. Прикажаните студии ја докажаа потребата хипербаричната кислородна терапија да биде дел од редовните тераписки протоколи.

 

Доктори.мк: Што ќе им препорачате на нашите читатели за крај?

М.Ј.: Сите заинтересирани читатели да не посетат во Специјализизираниот ХБО2Т–Центар. Вработените се подготвени да одговорат на сите специфични прашања поврзани со хипербаричната кислородна терапија. Зачувајте го вашето здравје на природен начин, избегнете ги медикаментите кои ви создават зависност и имаат голем број на несакани ефекти. Изберете природен пат со кој ќе го зајакнете имунолошкиот систем и ќе ги отстраните штетните токсини од организмот. Нека ве водат светските искуства на земјите кои во изминативе педесет години активно употребуваат хипербарични кислородни третмани.

 

 

www.doktori.mk, 10.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина