Што треба да знаете за пуканките?

 

 

Почнува сезоната на гледање филмови и серии, и секако јадење пуканки како неизоставен дел од доживувањето. Од аспект на здравјето, што треба да знаете за оваа вкусна ужина?

 

Пуканките се брза, лесна и економична ужина. Меѓутоа нивните хранливи својства се тесно поврзани со начинот на подготвување. Имено постојат 3 начини на нивна подготовка: со жежок воздух, масло или во микробранова печка. Начинот на нивно приготвување, маслото кое се користи и зачините можат да ги претворат пуканките од лесна и здрава во калорична и нездрава храна.

 

Калории

Бројот на калории во пуканките варира. Една средна чинија пуканки содржи околу 100 калории, што ги прави одлична нискокалорична храна. Но калориите се дуплиураат доколку пуканките се приготвени во масло.

 

Маснотии 

Количеството и видот на маснотии кои ги содржи оваа ужина исто така може да варира. Честопати, пуканките кои се приготвуваат во микробранова печка се стабилизирани со палмино масло или делумно хидрогенизирано масло што преставува потенцијален здравствен ризик. Палминото масло е богато со заситени маснотии, додека хидрогенизираните масла се богати со транс-маснотии. И обата вида маснотии го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Поздрава варијанта е приготвување на пуканките во маслиново масло или некој друг тип на масло богат со моно и поли незаситени маснотии.

 

Сол

Количеството на сол во пуканките преставува потенцијален ризик. Прекумерната употреба на сол води кон висок крвен притисок, кој пак е важен фактор за настанување на заболувања на многу органски системи, пред се за настанување на кардиоваскуларните заболувања.

Од овој аспект приготвувањето на пуканки во домашна атмосфера ви овозможува да го контролирате количеството на сол. Доколку не сте задоволни од вкусот, може да додадете на пр. лук во гранули  или црн бибер.

 

Растителни влакна

Пуканките се одличен извор на растотелни влакна. Една средна чинија на пуканки содржи околу 3 грама на растителни влакна што е 15 проценти од препорачаниот дневен внес. Растителните влакна се меѓу другото, важни за одржување на здравјето на гастроинтестиналниот систем.

 

Витамини и минерали

Пуканките содржат витамини и минерали, факт кој не треба да не изненади доколку имаме на ум дека тие во основа се зрнеста храна. Богати се и со фитонутритиви. Од витамините  во големи количини содржат витамини од Б комплексот, како  на пр. тиамин, понатаму содржат ниацин, фолати и др. Од минералите богати се со магнезиум, фосфор и манган.

 

На здравје :-)

www.doktori.mk, 03.10.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана