Трихолошка анализа на коса и скалп

Колку е проретчена вашата коса? Колку коса сте изгубиле?  Колку е ослабено влакното? Колку е оштетено влакното? Што се случува длабински во скалпот?

Сега можете да дознаете колкава е густината на Вашата коса по см/2, колкав е дијаметрот на Вашето влакно во микрони  и да го видите Вашиот скалп во три слоја!

Aramo SG дерматоскопскиот апарат претставува најнова иновација во трихоскопијата кој овозможува мерење на сите потребни параметри за конкретната софтверска комјутерска анализа.

Првата верзија на професионалниот трихолошки софтвер се појави во Русија во 2004 година. Овој најсофистициран трихолошки софтвер за утврдување на состојбата на косата, скалпот и густината на косата беше создаден од Проф. Д-р В.Ткачев, универзитетски професор-дерматолог, претседател на Националната Алијанса на Дерматолози и Козметолози. Овој софтвер овозможува примена на најспецифични и најкомплексни трихолошки техники досега познати. 

TrichoScience софтверот има можност да ја евалуира и анализира густината на косата, дебелината на влакното, бројот на влакна во анагена/телогена фаза (фаза на раст и фаза на опаѓање на косата), бројот на терминални, слаби влакна наспроти бројот на велусни, здрави и пигментирани влакна како и сите состојби на скалпот.

Трихолошките техники кои се дел од овој софтвер како што се трихометрија, анализа на структурата на влакното, видеодермоскопија (трихоскопија), утврдување на бројот на фоликули итн. се исклучително важни техники кои се користат во најмодерните професионални и клинички центри заради правилно утврдување на состојбата на скалпот и косата.

Trichoscience® софтверот ги нуди следните можности:

  • Сите податоци може да се зачуваат, дополнат и пред се споредуваат. На тој начин клиентот може да го следи прогресот во третманот, како во однос на состојбата на скалпот така и во однос на растот на косата. 
  • Мерење на број на влакна по cm квадратен, т.е густина на коса во андроген-зависниот и андроген-независниот дел на скалпот кај андрогена алопеција. Може да се бројат терминални и велусни влакна. Тие податоци се споредуваат со просечните вредности, а потоа автоматски се прикажува колкав степен на губиток на коса постои. 
  • Се мери бројот на влакна кои растат од еден фоликул, со што исто така се проценува потенцијалот за раст на фоликулот.
  • Утврдување на бројот на оштетени влакна, кадаверизирани влакна, влакна во форма на извичник, жолти точки и црни точки кај алопеција ареата. Проценка на степенот на сериозноста и ширењето на процесот.
  • Мерење на дијаметарот на влакното и оценување на степенот на ослабеност на влакното во споредба со просечните вредности. Дијаметарот на влакното се мери во микрони. Се мерат нормални, ослабени, тенки и велусни влакна.
  • Проценка на состојбата на скалпот, мастење, перут, сензитивност. Со различните опции кои ги нуди апаратот не само што може да се анализира скалпот и влакното под различно зголемување туку може да се анализира кожата на скалпот длабински во три слоја, преку адаптирање на оптичкиот систем на апаратот. Анализата ги опфаќа и корените на влакната и нивната структура.

По внесување на сите потребни параметри и трихоскопски мерења, трихолошкиот софтвер прави анализа и дава точна состојба на косата и скалпот (состојба на порите и фоликулите на влакното, состојба на котикулата на влакното, степен на ослабнување и проретчување на косата, густина на косата, просечна дебелина на влакната во проретчената зона, тип на опаѓање, стадиум на опаѓање). Врз основа на таквата анализа, во последната фаза софтверот дава препорака за видот на третманот кој треба да се користи заради запирање на понатамошното влошување на состојбата на косата и скалпот и целокупно подобрување на состојбата на косата и скалпот. Во зависност од анализата, се препорачува посебна постапка која во себе опфаќа корстење на различна најсовремена апаратура одобрена за користење од референтни Американски, Европски и Јапонски здравствени регулативни институции и тела, посебни препарати и третмани не само за запирање на опаѓањето туку и подобрување на целокуната структура на косата и промовирање на нов раст на велусни, здрави и пигментирани влакненца.

Навременото и правилно утврдување на состојбата на вашата коса и скалп, овозможува најдобро третирање и решавање на проблемите со вашата коса.

www.doktori.mk, 30.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил