Доктори.мк | Паметните луѓе се посреќни | pametni-posrekjni | Портал за медицина и здравје

Паметните луѓе се посреќни

Луѓето со понизок степен на интелигенција почесто се несреќни отколку паметните лица, велат британските научници.

 
Студијата на една група британски научници, во која учествувале 6.870 луѓе покажала дека нискиот степен на интелигенција често е поврзан со помали приходи и послабo ментално здравје, што придонесува за незадоволство.  Студијата неодамна е објавена во стручното списание Psychological Medicine.
 
Во текот на истражувањето  на испитаниците им било поставувано прашањето колку се среќни и се проценувала нивната вербална интелигенција. Резулатите покажале дека луѓето со интелигенција IQ меѓу 123 и 129 се многу среќни, а дека среќни „баш и не се" оние со интелигенција меѓу 70 и 79. 
 
„Луѓето од долната страна на нормалниот распон на интелигенцијата веројатно ќе се сметаат себеси за помалку среќни", вели за BBC д-р Анџела Хесиотис од лондонскиот универзитет. „Постојат докази дека долгорочните интензивни стратегии насочени на децата од социјално загрозените семејства може да имаат позитивно влијание не само врз интелигенцијата, туку и на благосостојбата и животните прилики", додава Хесиотис.
 
Извор Макфакс
www.doktori.mk, 27.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости