Најчести прашања во врска со еректилната дисфункција

доктор на медицина

Мажите кои се соочуваат со еректилна дисфункција имаат голем број неодговорени прашања и нерешени проблеми. Д-р Стојановски одговара на најчестите од нив:

Имате “голем“ проблем со ерекцијата. Многу брзо Ви паѓа откако ќе се возбудите. 

Губењето на ерекција веднаш по пенетрација најчесто се должи на вознемирувачкo самонабљудување и страв од "неуспех". Ако во други околности (мастурбација, утринска или ноќна ерекција) времетраењето на ерекцијата е поголема, тоа би ја потврдило оваа хипотеза. Исто така е важно да се разјасни дали станува збор за губење на ерекција по брзиот почеток на празнење (ејакулацијата) или пенисот омекнува пред да заврши ејакулација. Во првиот случај станува збор за забрзана ејакулација, која бара друг пристап.

Најдобрата можност да се надмине загубата на ерекцијата која произлегуваат од вознемирувачкото самонабљудување е користење на некои од PDF 5 инхибиторите  како силденафил цитрат. Но за таа цел е потребна консултација со сексолог, бидејќи овие препарати се даваат само со лекарски рецепт.

Има ли витамини или билки, кои ја подобруваат ерекцијата?

Постојат различни додатоци кои содржат екстракти од билки, витамини и микроелементи. Тие можат значително да ја зголемат сексуалната желба и да ја подобрат ерекцијата. Најдобри резултати за справување со нарушената ерекција сепак се добиваат кога овие додатоци во исхраната се комбинираат со најмоќните и брзи средства, како што се PDE5 инхибиторите - силденафил цитрат. Пропишани од лекар, тие се целосно безбедни и гарантираат најсигурно надминување на тешкотиите со ерекцијата.

Има ли апчиња за намалување на ерекцијата?

Ако станува збор за многу долга ерекција, повеќе од еден час, која е поврзана со болка во пенисот - најверојатно станува збор за т.н. пријапизам - состојба која бара итна уролошка помош. Ако проблемот е во неусогласеноста помеѓу сексуалните желби на мажот и жената, тогаш решението не е во тоа мажот да зема апчиња за "намалување на ерекцијата". Подобро е во тој случај и двајцата партнери да побараат сексолошка помош, за да се дојде до прифатливо решение и за двајцата. Ние Ве охрабруваме да се посоветувате и со специјалист. 

Што да правите и што да користите за задржување на празнењето (ејакулацијата) ?

Брзиот почеток на празнењето е израз на недоволно добро изградена вештина за контрола на овој рефлекс. Секој маж би можел да ја надмине оваа вештина преку привремена медикаментозна терапија, при можност за редовни сексуални контакти. Лековите кои можат да придонесат за подобра контрола на празнењето се сметаат како терапија за релативно краток период, по што се прекинуваат, а изградената вештина за контрола со помош на нив, останува трајно. Овие препарати се даваат само со лекарски рецепт и можат да бидат препишани само од специјалист со квалификации и искуство во областа на сексуалната медицина. Тоа се прави со консултација со сексолог, потребна за најбрзото и најефикасното справување со проблемот.

При проблеми со ерекцијата какви лекови треба да се земаат, ако притоа имате висок крвен притисок и зголемен црн дроб?

Пред да се размислува за избор на терапијата, најдобро е да се утврди причината за нарушената ерекција, особено кога имате висок крвен притисок. Ако станува збор за хипертензивна болест, трајната загуба на ерекцијата,  вклучувајќи ја и ноќната и утринската ерекција, би можело да биде знак за васкуларна болест. Во тој случај PDE5 инхибиторите - силденафил цитрат, можат да дадат одредено подобрување, но треба да се помисли и за оптимален избор на средство за намалување на крвниот притисок, бидејќи многу од лековите кои се користат за оваа болест можат да дадат премногу тешка ерекцијата. Важно е да се разјасни и причината за зголемениот црн дроб. Само лабораториските тестови би покажале дали има и нарушување на функцијата на црниот дроб, што треба да се има во предвид при дозирање на сексуалните стимуланси. Од сето до овде изложено,  јасно е дека изборот на терапевтски средство за регулирање на нарушената ерекција , не треба да се претвори во аматерска изведба, туку бара надлежна медицинска евалуација и избор на најсоодветен терапевтски пристап, во кој само еден од елементите е сексот стимулиран од пилула. Самолекувањето крие ризик од пропуштање на рана можност да се утврдат сериозни здравствени проблеми, кои се лекуваат рано, може да го спречи настанувањето на драматични последици. Од друга страна нереално очекување од некое лекарство, исто така може да доведе до недостаток на ефект, непотребно разочарување и откажување од поефикасни напори за надминување на проблемот.

Кои се најдобрите природни средства во случај на еректилна дисфункција кај повозрасни мажи?

Изборот на терапевтски средства за справување со еректилната дисфункција зависи најмногу од природата на конкретниот проблем. Ако постои постепена и трајна загуба на ерекцијата во сите околности, добро е пред да се размислува за "природно средство", да се направи истражување на холестеролот и триглицеридите во крвта, за да се исклучи евентуален проблем со крвните садови, кој предизвикува нарушена ерекција. Дури и ако има почетен проблем со крвните садови, најефикасна е поддршката за враќање на нарушената ерекција со користење на т.н. PDE5 инхибитори - силденафил цитрат.

Што се однесува до различни додатоци во исхраната, тие исто така може да бидат од корист како дополнителна терапија, која овозможува да се стабилизира постигнатиот ефект и по прекин на основното терапевтски средство. Важно е да се знае дека при утврдување на проблем со крвни садови, потребно е да се преземат и соодветни терапевтски мерки во таа насока, за да се спречи ризикот од посериозни здравствени проблеми.

Имате проблем со ерекцијата некое време. Имате висок крвен притисок и примате лекови секој ден.

Најпрво треба да се разјасни што точно е проблемот со ерекцијата. Ако станува збор за тотална загуба на ерекција од шест месеци, најверојатно причината за нарушената ерекција е органска. Во тој случај треба да се разјасни на што се должи:  зголемениот крвен притисок, бидејќи хипертензивна болест е најчестата органска причина за нарушувањата на ерекцијата, а лековите, кои се применуваат за намалување на крвниот притисок исто така можат да имаат негативно влијание врз сексуалната возбуда. Како и да е, сепак е потребно да се направи специјалистичка консултација со сексолог, бидејќи со проникнување во деталите на проблемот би можело да се идентификуваат и други психолошки причини, без чие надминување тешко може целосно да се надмине сексуалниот проблем.

Веќе неколку месеци наназад се празните многу брзо (меѓу 4-6 мин), а недостасува и брза повторна ерекција. Дали се ефикасни  додатоците во исхрана за ерекција или тоа е само реклама?

Главниот проблем е поврзан со недостатокот на контрола врз празнењето, без оглед на тоа што односот со траење од 4 - 6 минути не е сосема краток. Изградба на вештини за намерно одложување на празнењето може да се направи со привремено користење на лек кој го блокира центарот на ејакулација и така се гради трајна вештина за контрола, која се одржува и по прекинот на препаратот.

Препаратот за кој станува збор може да биде напишан само од искусен лекар сексолог, бидејќи во случајот станува збор за употреба на овој препарат за неконвенционален начин во значително пониска од вообичаената доза.

Во многу од случаите на брзо празнење, кога партнерката останува незадоволена, мажите се обидуваат да компензираат со следен подолг однос. Разочарувањето од предвременото финале, меѓутоа, може сериозно да го отежни брзиот почеток на следната ерекција, затоа сличен пристап за справување со проблемот не е ефективен. Во таа смисла и наведените средства кои се наменети за подобрување на ерекцијата, не се соодветни како средство за справување со брзото празнење.

Дали недостатокот на желба за секс може да доведе до слаба ерекција?

Природно е недостатокот на желбата да условува и послаба ерекцијата, но во таков случај прашањето е што стои зад "недостатокот на желба". Желбата за интимна блискост со некоја партнерка не е само "физиолошки", туку сложен психолошки процес, поврзан со уште посложени меѓучовечки односи. Разјаснувањето на причините за потиснатата сексуална желба бара лична консултација, која би дозволила да се забележат и одредените мерки за промена.

Ерекцијата се чини дека Ви е послаба од времето кога сте биле со Вашата поранешна партнерка т.е. половиот орган нема таква цврстина каква што достигнувал кога имавте сексуални односи со поранешната девојка. Покрај тоа и сексуалната привлечност не Ви е иста.

Ерекцијата не е само физиолошки, туку и психички феномен. Квалитетот на ерекцијата зависи и од состојбата на организмот, крвните садови, хормони и др , како и од еротските искуства кои човек ги има при конкретниот контакт со сексуалната партнерка. Во принцип ерекција, која му дозволува на пенисот да навлезе во вагината и да се оствари односи, се смета за нормална. Очигледно во изминатите години не е загубена можноста за целосни сексуални контакти. 

Можно е тагата од разделбата да го прави своето и тоа да е повод за слабата желба кон партнерките со кои не е изградена посебна близина. Загриженост од квалитетот на ерекцијата исто така може да е предуслов за отсуство на целосна посветеност во интимната блискост и соодветно неможност поради тоа да се постигне максимална ерекција.

Во почетокот на половиот акт имате полна ерекција и успевате да се пробиете во партнерката, но по малку ја губите делумно ерекцијата. Се прашувате дали возбудувањето Ви е слабо или имате некој психички или физички проблем?

Од кажаното произлегува дека сте во замката на маѓепсан круг, во кој колку повеќе ја терате партнерката да има секс со Вас и колку повеќе ја нервирате, без реални основи, толку повеќе тоа  ја инхибира нејзината желба и ја тера да ги одбегнува сексуалните контакти, што за возврат ја зголемува љубомората и подготвеноста да ја притиснете. Разбирливо е во слична непријателска ситуација човек да има нестабилна ерекција за време на контакт, која ги одразува конфликтните чувства во овој момент. Премногу еднострано би било да го утврдиме проблемот само како "еректилна дисфункција" и да се надеваме дека само со некакви волшебни таблети работите ќе се подобрат како со магично стапче.

Навистина секс таблетите можат да ја направат ерекцијата постабилна, но тие нема да го надминат неразрешениот конфликт помеѓу Вас и партнерката, кој дури може да се продлабочи.

Подобра опција е да разговарате со партнерката и да ја поканите заедно да побарате сексолошка консултација. Смислата на тој напор би бил наоѓање на подобар начин на интеракција, при што и двајцата можете да го практикувате сексот не како семејно обврска, туку како слободно избрана можност да си направите меѓусебно радост и да ја изразите приврзаноста еден кон друг. За да се случи тоа, потребно е добра желба и напор од двете страни.

Не можете да постигнете  ерекција кога се обидувате со партнерката за прв пат. 

Неможноста за добивање ерекција при интимна средба најчесто се должи на загриженост и непријтност. Слични проблеми со ерекцијата се случуваат кај секој маж, независно од возраста. За да не се повторува оваа непријатна ситуација, најдобро е да не му дозволите на вознемирувачкото самонабљудување да завладее  со следниот состанок.

Најдобра и сигурна медикаментозни заштита од проблемите со ерекцијата се препаратите од групата на т.н. PDE5 инхибитори - силденафил цитрат. По неколку успешни односи со поддршка на посочените таблети, човек обично си ја враќа довербата и нема повеќе потреба од нив.

Корисни ли се толку фалените средства за зголемување на машкиот орган, кои се направени само од билни екстракти или тоа е само прав во очите на луѓето и не се базира на никаква сериозна научна основа? 

Досега нема сериозни научни докази кои ги потврдуваат широко распространетите рекламни тврдења дека димензиите на пенисот може да се менуваат како резултат на примањето на било какви препарати. Освен тоа, многу шпекулативно е и прашањето дали воопшто е потребно да се менува големината на пенисот. Најчесто сексуалниот проблем е во главата на мажот, а не во пенисот. Во таква ситуација колку и да е голем пенисот, тој не може да го надомести недостатокот на самодоверба, на чувствителност, на вештини за комуникација и создавање на еротско расположение. Светот е полн со наивни мажи или оние со ниска самодоверба, кои наместо да се справат со психичките проблеми, пречките во нивните целосни сексуални односи, имаат тенденција да фрлаат големи пари за сите сомнителни производи. Не ретко интервенциите понудени како опции за зголемување на пенисот, кријат и сериозни ризици по здравјето.

Дали недостатокот на утринската ерекција е проблем за потенцијата, и ако не е  - може ли да доведе до проблеми на половата моќ?

Ерекција, која мажите ја забележуваат понекогаш при будење, е последната ноќна ерекција, и се појавуваат во REM фазата на сонот. Таа се должи на доминантниот парасимпатикусов тонус. Човекот ја забележува оваа ерекција ако будењето се случило во REM фазата на сонот. Многу често човекот се буди во друга фаза на сонот, и поради тоа не ја забележува утринската ерекција. Тоа е сосема природно и не би можело да е симптом на каков било проблем, особено кога при сексуалниот контакт се добива доволна ерекција.

За време на сексуален контакт, ако партнерката не Ви се допаѓа посебно или сте биле веќе со неа, понекогаш добивате пад на ерекцијата. Дали тоа значи дека не сте возбудени?

Ерекцијата е емоционален процес и појава и во присуство на сексуална партнерка бара еротска привлечност и вештина, за да се создаде еротско расположение. Губењето на ерекцијата за време на однос најчесто е поврзана со појава на анксиозност, интроспектива и загриженост за евентуален неуспех. Најелегантниот начин човек да се извлече од оваа ситуација, е употребата на "таблета за секс"- силденафил цитрат . Тоа припаѓа на најмоќните средства, кои земени околу еден час пред контактот, овозможуваат појава на максимално цврста и стабилна ерекција, каде што постои еротски контакт. Така, по неколку успешни контакти, дозата може да се намали и постепено земањето на лекот да се прекине. Најдобра гаранција за стабилна ерекција и исполнет сексуален контакт е убавото расположение, взаемно привлекување и желба од двете страни. Ако човек не е особено инспириран од идејата за сексуален контакт со некој партнер, премногу ризично е да се обидува. Ова може да доведе до нестабилна ерекција и непотребни грижи, кои се премногу тешки за следните сексуални искуства.

Уште додека се става кондомот почнува делумно губење на ерекцијата и за време на актот губењето на ерекцијата продолжува. При самозадоволување нема проблем. Само при секс.

Причина за падот на ерекција додека ставате кондом или при започнувањето на односот е само вознемирувачко самонабљудување и очекувањето да настапи "неуспех". Отсуство на болест, која е причина за Вашата ерекција најубедливо се докажува со целосната ерекција, која ја имате при самозадоволување (тогаш не се грижите за тоа дека нема да се покажете и поради тоа, нема и што да пречи на Вашата ерекција).

Во таква ситуација не гледаме смисла да посетувате било какви лекари, бидејќи очигледно проблемот не е медицински. Она што може да Ви помогне да ги вратите довербата и да се чувствувате повторно сигурен во своето сексуално живеење е привремената поддршка со лекови од групата на PDE5 инхибиторите - силденафил цитрат. По неколку успешни односи, за кои овие лекови се доволно добра гаранција, само да има еротски стимул, Вие мирно може да престанете со земањето бидејќи во присуство на спонтан еротски стимул Вие реално немате потреба од нив.

На почетокот од врската свршувате многу брзо, подоцна се контролирате и работата се завршува. Но од пред некое време, за време на секс пенисот Ви паѓа. И не можете да разберам зошто така. 

Очигледно губење на ерекција за време на сексуален контакт се должи на промената во еротското доживување. Можно е тоа да е поврзано со непријатната мисла дали ќе успеете да го задржите празнењето. За жал самата загриженост околу тоа дали ќе имате добра ерекција за време на односот исто така може да доведе до болки на садовите во пенисот и губење на ерекцијата.

Најбрзата можност да се избавиме од оваа непријатна ситуација е ако користите привремена поддршка на фосфодиестеразни инхибитори (секс таблети) – силденафил цитрат. По неколку успешни настапи ќе ја вратите довербата и на тој начин ќе исчезне и причината за пречките кои ги имате во моментов.

Дознјате повеќе за авторот: д-р Дарко Стојановски

 

www.doktori.mk, 22.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил