Доктори.мк | Сакајте ги своите нозе - видео вежби | ubavi-i-zdravi-nzoe-video-vezbi | Портал за медицина и здравје

Сакајте ги своите нозе - видео вежби

Вежбајте ги мускулитe на нозете - тоа е одлична инвестиција. Трудот многукратно ќе ви се исплати, ќе го зацврстите ставот и ќе ја зајакнете стабилноста на телото. Воедно, ќе изгледате добро во новите тесни фармерки и ќе ви се зголеми самодовербата.

Дали знаевте?

  • Најголемиот дел од мускулите на ногата се вбројуваат во групата на т.н. долги мускули. Со нивната внимателна и синхронизирана контракција и релаксација се придвижува целото тело. Помалите мускули на ногата им помагаат на поголемите - тие ги стабилизираат зглобовите, помагаат при нивната ротација и ги олеснуваат фините движења на нозете.
  • Најголемиот мускул во телото воопшто, се наоѓа во бедрата - тоа е мускулот квадрицепс, кој се состои од четири помали мускули.
  • Најважната тетива во телото од аспект на мобилноста е Ахиловата тетива. Таа се наоѓа на задната страна од долниот дел на потколеницата и позади глуждот. Во оваа тетива која ги поврзува мускулите од листот со петата се складира еластична енергија која ни е потребна при трчање, скокање и останата физичка активност.

 

 

повеќе видео вежби >>>

www.doktori.mk, 23.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - вежби