Доктори.мк | Вркута – совршен лек за женските болести | vrkuta-sovrsen-lek-za-zenski-bolesti | Портал за медицина и здравје

Вркута – совршен лек за женските болести

дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика, специјализиран за санитарна хемија

Вркута (Alchemilla vulgaris) е извонредно лековита билка со висина од 10 до 40 cm, која расте во планинските региони од април до август. Листовите се долги, во полукружна форма со назабени рабови. Цветовите се мали, жолто-зелени без ливчиња. За медицински цели се собираат листовите и цветовите (коренот нема лековито дејство). Листовите се собираат во пролет, но најдобро е да се собираат за време на цветање. Содржи 6 - 12% танин, флавоноиди, етерични масла, витамин Ц, горчливи супстанции, фитостерин, салицилна киселина, смола, лецитин и сапонин. Исто така, содржи: железо, бакар, манган, цинк, молибден, никел и бор. Оваа билка се смета за еден од најдобрите лекови за сите женски болести.

Медицинска употреба на вркутата

Вркута (бисерок, моминска наметка) третира нарушувања на менструалниот циклус, болни и нередовни менструации, хормонални пореметувања, цисти на јајници, полицистичност, бел исцедок, воспалителни процеси, бактериолошки проблеми, кандидијази, болки во стомакот, ХПВ вирус, ги зајакнува ѕидовите на матката, помага кај жени со спуштена матка, има голема улога во олеснување на породувањето, штити од абортуси, при лечење на неплодност кај жената (помага во задебелување на слузницата на матката), при тешкотии во периодот на менопаузата. Јапонските истражувачи откриле дека супстанцата agrimonin во вркутата спречува рак на дојката. Покрај тоа, ефикасно лекува воспаление на желудочната и цревната слузница,чирови, дијареа, воспаление на усната шуплина и фаринксот, рани по вадење на заби, ревматски заболувања, анемија, шеќерна болест, гојазност, појава на егземи на кожата и гнојни рани.

Најчесто се употребува како чај, поретко како тинктура, крем или екстракт.

Чај од вркута

Се подготвуваат две кафени лажици зелена вркута во 200 мл зовриена вода. Се остава да стои 5-10 мин, потоа се цеди. Чајот се пие во мали голтки полека, три чаши дневно - свежо подготвен. Во случаи на аменореа чајот треба да биде повеќе концентриран (се остава да стои повеќе од 15 мин). Жени кои претходно имале абортус или постои ризик од истиот треба да пијат 4-6 чаши дневно чај. Против бел исцедок се подготвува напиток: во 1 литар зовриена вода се додава 50 грама исушена вркута без корен и се пие топол во текот на денот. Може да се пие сам или во комбинација со други билки (камилица, невен, жалфија, равнец). Ако се помеша со Capsella bursa-pastoris се добива лек против скоро сите женски болести. Во лекување на грчеви и мускулни болки, мускулна слабост и анемија кај децата се препорачува да се земат 2 чаши чај од вркута дневно.

Напомена: Чајот од вркута не се препорачува кај бремени жени и доилки (поради недостатокот на достапни научни докази), како и кај лица кои имаат проблеми со жолчниот меур и црниот дроб. Пред употреба задолжително консултирајте се со лекар.

 

 

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 18.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација