Што носи стареењето?

  • Пожолтување;
  • Оштетување на гингивите;
  • Губење на забите;
  • Орален карцином.

Што ни покажуваат истражувањата?

„Забите можат да истраат цел живот“ – изјавува проф. д-р Едмонд Хјулет од Стоматолошкиот факултет на УКЛА, Калифорнија. „Здравата уста е добро снабдена со плунка, која содржи минерали кои спречуваат кариес. Доколку имате посува уста (чест спореден ефект од земањето антихистаминици, антидепресиви или некои антихипертензивни лекови), кариесот се шири побрзо и треба да бидете уште повнимателни во грижата за забите.“

Што можете да направите?

„Секогаш кога јадиме бактериите се намножуваат на површината и измеѓу забите, па затоа мијте ги забите што побрзо по оброк“ – вели проф. д-р Хјулет. Ова, исто така, ќе помогне во отстранувањето на дамки од храна и пијалоци, како боровница, кафе, чај и црвено вино. Забите треба да се мијат најмалку 2 минути за добро да се исчеткаат сите заби и гингивите. Убаво е и да користите и забен конец и течност за прочистување на устата. Одете на редовни стоматолошки прегледи. Барем еднаш годишно проверете се кај стоматолог за постоење на кариес, болести на гингивата, кавитети или орален карцином.

 

 

Останати совети и стратегии од рубриката

„Одржувајте ги Вашето тело и ум во топ форма“

www.doktori.mk, 17.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил