Опаѓање на коса кај жени

Женскиот тип на опаѓање на коса се смета за еквивалент на машкиот тип и често се нарекува женска алопеција андрогенетика. Оваа честа состојба кај жени се карактеризира со дифузна редукција на густината на косата на круната на главата со зачувување на фронталната линија.

Преваленцата се зголемува со годините. Повеќето жени со женски тип на опаѓање имааат клинички знаци на постепено ослабнување на косата на скалпот, во период од неколку години. Иако опаѓањето може да се јави во било кој период од рана адолесценција до доцно средно доба, студиите на Venning и Dawber покажале дека 13% од жените пред менопауза имале фронтотемпорална рецесија, а дури 37% после менопауза.

Улогата на машките хормони во опаѓањето на коса кај жените

Улогата на андрогените хормони кај жени не е потполно објаснета, иако губењето на косата кај жени е неспорно поврзано со зголемено ниво на андрогени. Меѓутоа, многу жени со алопеција андрогенетика немаат покачено ниво на циркулирачки андрогени, туку се покажало дека имаат зголемено ниво на 5-алфа редуктаза (ензим кој го претвора тестостеронот во дихидротестостерон), повеќе андрогени рецептори и пониско ниво на цитохром П450 (кој го претвора тестостеронот во естроген).

Повеќето жени со алопеција андрогенетика имаат нормална менструација, нормална плодност и нормална ендокрина функција, вклучувајќи и нормално ниво на андрогени. Лабораториски испитувања на хормони се потребни кога има други знаци на покачени машки хормони. Може да се испитаат и тироидни хормони, серумско железо и крвна слика за да се исклучат како фактори на опаѓање.

Клинички карактеристики на опаѓањето на коса кај жени

Најчестата клиничка карактеристика на алопеција андрогенетика кај жени е постепено ослабнување на косата на круната на главата, во период од неколку години. Дермалната папила и матриксот прогресивно се намалуваат и влакното е се послабо. Меѓутоа, степенот на намалување не е униформен или екстремен како кај мажите. Всушност, кај жените има мозаик од влакна, различни во дијаметар, во зоната на губење на косата. Не се јавува зголемено опаѓање на косата, како кај телоген ефлувиум, туку само слабеење на косата, со зачувување на фронталната линија. Како што напредува губењето на косата, скалпот е се повеќе видлив.

101 HAIR CARE – Третман против опаѓање на коса

Третманот против опаѓање на коса и стимулирање на раст на косата кај жени е неопходно да се започне веднаш по забележување на првите симптоми на истенчување на косата. Третманот максимално го активира фоликулот на влакното за да се спречи неговото слабеење и да се обезбеди добар квалитет на влакното. Стимулацијата на функцијата на фоликулот е овозможена со засилена нутриција, оксигенација и енергизација. Се детоксифицира скалпот за идеален раст на здрава коса.

 

-комерцијален текст-

www.doktori.mk, 15.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина