Доктори.мк | Кога непостигнувањето ерекција претставува проблем | koga-nepostignuvanjeto-erekcija-problem | Портал за медицина и здравје

Кога непостигнувањето ерекција претставува проблем

доктор на медицина

Мажот и жената имаат различни очекувања во различни ситуации. Најважно за доброто сексуално докажување, според него, е спонтаноста и меѓусебната подготвеност за доживување на радост и уживање во еротската близина. Од огромно значење е способноста и на двајцата партнери да се поканат за интимната средба, создавајќи единствена можност за близина и заедничко доживување.

Се случува

На секој маж може да му се случи да има тешкотии во добивањето и одржувањето на ерекцијата, доволна за остварување на сексуален контакт. Најчесто овие ситуации се јавуваат во присуство на вознемирувачко самонабљудување или недостаток на соодветни услови за еротска блискост.

Како самите си пречиме?

Вознемирувачкото фокусирање на „функционирањето на пенисот" би можело да создаде само проблеми и оттуѓување. Во таа смисла современите таблети за секс (од групата на фосфодиестеразните инхибитори), како што е и „таблетата за секс" се добра поддршка, која овозможува брзо да се врати безбедноста и спонтаноста во интимните односи. Тие се корисни, не само за луѓе со одредени здравствени нарушувања, но и за огромен дел од целосно здравите мажи, кои се соочуваат со тешкотии во постигнувањето и одржувањето на добра ерекција.

Често во овие случаи и двајцата партнери си ги поставуваат истите и подеднакво погрешни прашања кои ја влошуваат ситуацијата. Од негова страна, тие се: „Болен сум", „Преку глава ли ми е од неа?", „Јас сум виновен?". Една жена може да биде исто толку беспоштедна кон себе: „Не му се допаѓам веќе?", „Што ми замерува?", „Јас сум виновна?". Со таков став жената се чувствува потценета, обично станува пасивна и завзема позиција на исчекување, со што придонесува за усложнување на проблемот.

Што треба да се направи?

Според сексолозите, добро е ако во неудобни моменти на „непостигнување на ерекција" партнерите се обидат мирно да го продолжат интимниот однос, со користење на други можности за испорака на взаемно задоволство.

Ако проблемите со ерекцијата зачестат - вреди да се разбере на што се должи тоа и ако одговорот е тежок - навремено да се побара компетентна помош од сексолог. Овој чекор е апсолутно неопходен, како поради можноста да се добие најефикасна помош, така и поради можноста проблемот со ерекцијата да е сигнал за сериозно заболување, што утврдено на време би можело да спречи многу потешки ризици по здравјето.

Користењето на најсовремените тераписки средства, како што е „таблетата за секс", се препорачува само со даден рецепт од страна на лекарот, со што се обезбедува најефикасна и безбедна употреба.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

  • Дали еректилната дисфункција е болест?

Еректилната дисфункција (ЕД) e состојба во која мажот е неспособен да стигне до ерекција или да се задржи ерекцијата на ниво, доволно за остварување на сексуален однос. Постојат многу причини кои можат да доведат до развој на ЕД. Условно, тие можат да се поделат на психогени, органски и мешани. Во таа смисла под етикетата „ЕД" спаѓаат премногу различни состојби - од банални пречки во ерекцијата што се случуваат на секој маж, до нарушувања на ерекцијата кои се јавуваат при сериозни заболувања. Разјаснувањето на проблемот кај одреден маж бара консултации со надлежен специјалист – сексолог.

  • Дали треба да се менуваат апчињата за ерекција додека не се најде најсоодветното за одредениот човек?

Изборот на медикаментозна терапија во справувањето со нарушената ерекција е по избор на лекарот. Негова обврска е да го информира пациентот за очекуваните ефекти од користењето на даденото средство, како и за потребните услови кои треба да се обезбедат за да се добие саканиот ефект. Многу често недостатокот на ефект од користењето на современите таблети за секс се должи на тоа дека пациентите не ја сфаќаат потребата од присуство на еротски стимул за нивното дејствување. Тие пасивно очекуваат таблетата да предизвика ерекција, дури и во отсуство на каков и да е еротски контекст. Природно во таква ситуација отсуството на ефект не е поради недостатоците на лекот, туку поради несоодветна употреба. Дури и да се замени препаратот, тоа нема да доведе до подобар резултат. Затоа пред да ја менуваме таблетата, добро е да провериме дали сме го направиле потребното за да се пројави максималниот ефект.

  • Во какви дози и колку често треба да се земаат лековите од овој тип?

Изборот на доза е прашање на проценка од страна на лекарот, бидејќи овие препарати се даваат само со рецепт. Најчеста практика е кај млади и здрави луѓе да се започнува со средна или максимална доза, а кај луѓето со болести кои бараат повнимателна употреба, да се претпочита минимална или средна доза.

  • Ако еден маж прима лек за ерекција пред сексуален однос, тоа ги намалува ли на некој начин чувствителноста и чувствата кон негативна насока?

Секс-таблетите од групата на PDE5 инхибиторите влијаат само на одреден ензим во мазно мускулните клетки на кавернозното телo во половиот орган. Тие во никој случај не ги менуваат чувствителноста или чувствата.

  • Зависи ли од возраста квалитетот на ерекцијата?

Честотата на случаите на ЕД се зголемува со текот на годините, бидејќи со годините се зголемува веројатноста за развој на кардиоваскуларни, метаболни и други болести кои може да ја отежнат ерекцијата. При добро здравје, сепак, возраста не е фактор кој може да доведе до губење на ерекција. Со годините се случуваат природни промени, кои се манифестираат со побавно започнување на ерекцијата, подолг период за појава на повторна ерекција по ејакулација и др. Овие промени не се основа за проблеми во сексуалните односи, ниту за откажување од сексуална активност. Истражувањата покажуваат дека околу една третина од паровите над шеесет годишна возраст ја задржуваат својата сексуална активност и често таа е не помалку задоволителна од онаа на млади години.

  • Има ли големината значење?

Проблем со големината на пенисот може да постои кај некои ендокрини заболувања за време на сексуалниот развој - хипогонадизам. Тие водат до тоа во состојба на ерекција органот да не достигнува димензии поголеми од 6 см. При нормален развој, вообичаените големини на органите во ерекција се разликуваат во многу широки граници. Како овие индивидуални разлики ќе бидат толкувани зависи многу од индивидуалните вредности и акцентите кои се ставаат во меѓучовечките односи. Секогаш сепак треба да го земеме во обзир фактот дека димензиите на вагината, кога жената е сексуално возбудена, не надминуваат 10 -11 см. Во таква ситуација сите „потреби" за големина на пенисот во ерекција да биде 16 см изгледаат шпекулатативни.

  • Влијаат ли на ерекцијата додатоците во исхраната и други материи кои се примаат при интензивно спортување?

Како стимулирачки додатоци при интензивно вежбање се употребуваат различни препарати. Повеќето од нив се додатоци во исхраната, вклучувајќи билни екстракти, витамини и микро елементи. Тие ги подобруваат окидативните процеси во организмот, изградбата на мускулна маса, исфрлањето на токсичните матаболити итн. Ниту едно од овие средства не би можело да даде негативно влијание врз сексуалните функции и особено на ерекцијата.

Несакани ефекти можат да имаат произволно внесувани хормонални препарати кои содржат тестостерон. Во принцип овие лекови се препишуваат само од лекари ендокринолози при лабораториски докажан хипогонадизам. Земањето на вакви препарати од здрави мажи без соодветна болест може да доведе до потиснување на сопствената продукција на тестостерон и привремен дефицит на овој хормон при прекин на препаратот кој содржи тестостерон. Токму поради оваа причина земањето на анаболни хормонални препарати за спортистите е забрането и се врши строга контрола. Пред да одлучите да земате каква и да е исхрана понудена од вашиот тренер, информирајте се детално што точно таа содржи и ако на пакувањето е запишано дека таа содржи хормони, подобро е да не ја прифаќате.

 

 

Дознајте повеќе за авторот - д-р Дарко Стојановски >>>

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/ии реемитување-

www.doktori.mk, 15.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил