Опаѓање на коса кај мажи

Алопеција андрогенетика (Androgenetic alopecia), исто така позната и како наследно ќелавење, е најчеста форма на губење на коса. Се препознава по специфичното прогресивно губење на коса на скалпот. Иако алопеција андрогенетика е екстремно чест проблем на косата и се јавува како кај мажи така и кај жени, инциденцата на појава е генерално поголема кај мажи. Губењето на коса кај машкиот тип на алопеција андрогенетика во почетните стадиуми се карактеризира со истенчување на косата како последица на намалување на функцијата на фоликулите, а понатаму со комплетно губење на косата како последица на прекин на функцијата на фоликулите. Кај мажи, обично се манифестира во третата декада, а во речиси сите случаи во четвртата декада од животот. Инциденцата и сериозноста на алопеција андрогенетика покажува и расни разлики. Студиите покажуваат дека се јавува кај 50% од припадниците на белата раса над 40-тата, додека кај Азијати, Индијанци и Афро-Американци, преваленцата е помала и со помала тежина.

„Андро“ се однесува на андрогени хормони (тестостерон, дихидротестостерон) неопходни за да го поттикнат машкиот тип на опаѓање на косата. 5-алфа редуктазата е важен ензим кој го трансформира тестостеронот во дихидротестостерон (ДХТ). „Генетика“ се однесува на наследните гени пресудни за да се јави оваа форма на опаѓање. Дихидротестостеронот делува на „генетски поосетливите“ фоликули на влакното, што детерминира постепена конверзија на терминалните, цврсти влакна во послаби и на крај во велусни влакна (тенки и непигментирани). Студиите покажуваат дека големината на дермалната папила преку која се храни влакното ја диктира големината на влакното кое се формира, а кај алопеција андрогенетика некои од клетките на дермалната папила изумираат поради дејството на ДХТ. Доаѓа до еден процес на „минијатуризирање“ на папилата, како резултат на што и влакното е се потенко.

Клинички знаци на алопеција андрогенетика

Клиничките знаци на алопеција андрогенетика кај мажи се универзални и веднаш препознатливи во најголем број случаи. Постепена транзиција на цврсти, силно пигментирани влакна во послаби, пократки, помалку пигментирани влакна па се до непигментирани велусни влакна. Се забележува значително зголемено опаѓање на косата. Првите знаци се постепено ослабнување во темпоралните зони, следено со прогресивно ослабнување во фронт (над чело) и вертекс (темен дел). Рецесија на фронталната линија со формирање залистоци е вообичаена, во форма на буквата М. Со прогресијата на процесот на губење на косата, фронталната и темената линија се доближуваат и финално се поврзуваат во зона на целосно изгубена коса на круната на главата.

101 HAIR CARE – Третман против опаѓање на коса

Во третманот против опаѓање на коса и стимулирањето на раст на косата кај мажи, се блокира дејството на ДХТ како главен фактор за губењето на косата. Се поттикнува функцијата на дермалната папила, преку стимулација на циркулацијата. Се подобрува снабдувањето на влакното со нутритиенти и кислород, за да се овозможи формирање на здраво, цврсто и пигментирано влакно. Кожата се одржува чиста и негувана за оптимални услови за раст на влакно.

-комерцијален текст-

www.doktori.mk, 13.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина