Фалење без покритие

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Многу мажи се фалат со своите „успеси“ во сексуалниот живот. Таквите муабети што се водат во кафеанчињата не се само нечовечки, туку се и одбивни. Сексуалниот живот е лична работа и со него не треба да се фалите пред другите. Фалбаџиите ја кријат својата слаба желба или сексуалната изведба.

Многу доктори и психолози од времето на Хипократ, па до ден-денеска не можат да одговорат на прашањето: кој има поразвиен полов нагон – мажите или жените. Со векови научниците сметале дека мажите се во предност зашто жените дури и „не биле чувствителни на секс“. Последниве години оваа мислење е променето во корист на жените. Најчесто се истакнува дека половиот нагон кај мажите избива нагло, како огнен пламен и побрзо се гаси. Затоа и неговите чувства во сексот се површни и краткотрајни отколку чувствата кај жените. Често пати љубовните доживувања кај мажите се минливи доживувања. Мажот може да ја посака жената и да има со неа полов однос, со кој ќе се задоволи, иако кон таа жена ништо не чувствува. Жената, пак, во полoвиот однос, пред сè, очекува љубов, а мажот бара сексуално задоволство. Тоа е причина што љубовниот огон кај младите луѓе многу брзо се гаси, ако девојката не е спремна за интимно зближување. Мажите помалку ги нтересираат прашањата за татковство, за потомство, додека жената е врзана за мајчинство. Тоа е нејзина основна природна задача. Мајчинската љубов може да биде главна, па дури и единствена содржина на нејзиниот живот. Спротивно на тоа, таткото може да се одрече од детето и да го напушти и да не чувствува подлабоко каење.

Што треба да се знае?

Прво, што треба да се знае е тоа дека мажите се многу почувствителни „по прашањето“ на половите односи отколку жените. Можеби е чудно, но мажите почесто и погласно зборуваат за половите прашања. Нив половиот живот повеќе ги интересира отколку жените. Но, ако внимателно слушаме што зборуваат мажите, ќе забележиме дека најчесто зборуваат неодредено и заобиколно. Многу ретко зборуваат за своите успеси и разочарувања.

Жените се многу поправедни од мажите. Многу често зборуваат за своите лични полови искуства. Затоа во мешано друштво мажите секогаш се повоздржливи отколку жените. Таа појава научниците ја објаснуваат со побрзо и со посилно будење на половиот нагон кај мажите. Понекогаш е доволно да се смени приказната и мажот да се возбуди, додека тоа жената не ја возбудува. Наглото будење на половиот нагон во женско друштво, посебно ако е до него жена што го возбудува, може да му предизвика непријатност. Затоа мажите, според истражувањата на психолозите, потсвесно го чуваат својот нагон и не му дозволуваат да излезе на површина, и да ги прави „смешни“. Можеби, токму тоа е причина што мажите, потешко отколку жените, половиот живот го поврзуваат со чувство на љубов и нежност, па нивниот настап испаѓа глупав и неспретен.

Жената треба да го охрабри и да му помогне на мажот да ги развие чувствата и правилно да ги покаже. Таа треба да му покаже дека ги разбира неговиоте постапки и така да го наведе да биде „дарежлив и во зборовите, а не само во дела“. Се разбира, многу мажи се фалат со своите „успеси“ во сексуалниот живот. Таквите муабети што се водат во кафеанчиња или на работа со пиењето на утринското кафе, не се само нечовечки, туку често пати се и одбивни. Половиот живот е лична работа и со него не треба да се фали пред друг. Освен тоа, искуството покажало дека зад фалењето, најчесто, се крие чувството на помала вредност или некој друг недостаток.

 

Бегање од секс

Мажот што се врти по секоја жена во тесна облека само го крие својот погрешен однос кон половиот живот. Мачтеењето за прегратка на убава жена што минува на улица, всушност, е бегање од лошите односи што ги има кон себе и кон својата средина. Бегањето однадвор е скриено со нагласено интересирање за секс, но таквиот маж постојано го скратува задоволството и за себе и за партнерката. Американскиот психолог Александар Весци опишува момче што имало желба да ја докажува својата мажественост на својата свршеница. Со продолжени сексуални односи, што траеле по неколку часови, се обидувал да се увери себеси како е недостижен и дека секоја жена мора да се сеќава на неговата моќ. Психоанализата открила дека момчето за време на сексот пател од намалено задоволство. Дури тогаш го разбрал своето нарушување и во половиот однос престанал да ги истакнува сопствените особини. Откако одговорил на чувствата и на љубовта на партнерката, доживеал нормално полово задоволство.

Во заедничкиот живот на мажот и на жената најважно е да се ускладат нивните полови желби. Прашањето за „идеален“ број на полови односи не е важно само за брачната хармонија и за здравјето, туки и за потполното задоволство на жената и на мажот. 

Вистински број на односи

Тешко е да се одговори колку е доволно секс. Има разлики во животната старост, во виталноста и во здравјето, во психичките и во телесните потреби, како и во различни желби на мажите и на жените. Желбите што се сосема природни за едниот партнер, другиот може да ги смета претерани или пак недоволни. Затоа и стручната литература обилува со различни препораки. Научниците, најчесто, истакнуваат дека нормалните, здравите мажи и жени во периодот на потполна полова активност можат да имаат два или три полови односи во неделата. 

Познатиот сексолог Алфред Кинсеј изнесува дека за неделниот број на љубовните односи посебно е важна староста на мажот: до 25 години просечниот број на половите односи е трипати неделно, потоа бројот се намалува на двапати, а по 55 годишна старост се сведува од два до три полови односи месечно.

На половата активност влијаат и надворешните фактори, како што се: лошата исхрана, пренатрупаност со работа, стресот, болест, телесна или умна нарушеност. Затоа, најдобро секој пар, според сопствените желби и способности, да си го одреди „својот број“ на полови односи. Сексологот Абрахам Стон како најдобра мерка ја препорачува реакцијата на сопственото тело: заморот по сексот е знак дека бројот на половите односи треба да се намали, а смирувањето и убавото чувството зборува дека односите не се многу чести. 

 

Мали трикови за добар секс

Разлика во половите желби кај мажите и кај жените може да предизвика и кавги. Воспитувањето, обичаите и биолошката градба на жената често предивикуваат нејзина пасивност во креветот. Затоа, најчесто, мажот ги поттикнува љубовните односи, па од неговите желби и потреби зависи „живоста“ во спалната. Иако неговата полова моќ одлучува за бројот на односите, мажот мора да води сметка и за желбите на жената. Темелна уметност на љубовниот живот е да се знае навреме да се открие дали е жената расположена и способна за полов однос. Докажано е дека женската полова желба се зголемува неколку дена пред менструацијата и достигнува врв непосредно пред појавата на менструацијата. Втор пик на нејзините еротски желби, најчесто, се јавува во средината на менструалниот циклус, односно за времето на созревањето на јајцето, кога е жената најплодна (овулација). 

Дознајте повеќе за проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ
-авторски текст, не смее да се коритсти за комерцијални цели и/или реемитување-
www.doktori.mk, 14.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил