Доктори.мк | Внимавајте - семејната историја ги предвидува раните срцеви болести | semejna-istorija-srcevi-bolesti | Портал за медицина и здравје

Внимавајте - семејната историја ги предвидува раните срцеви болести

Семејната историја долго се сметаше за фактор на ризик за идните генерации. Новата студија спроведена во Данска врз неколку милиони луѓе дополнително ја потврди оваа поврзаност.

Смрт на член на семејството од срцева болест пред 60-та година укажува на зголемениот ризик од развој на срцеви болести кај друг член од семејството, покажува студијата во којашто биле вклучени милиони луѓе во Данска во текот на изминатите 30 години.

Ваквата семејна анамнеза долго се сметаше за ризичен фактор за идните генерации, а новата студија објавена во стручниот научен магазин Journal of the American College of Cardiology, дополнително ова го потврди.

Научниците откриле дека луѓето чијшто родител или роднина починал млад поради срцеви проблеми, имаат двапати поголем ризик од луѓето коишто немаат таква семејна анамнеза, дека и ним ќе им биде дијагностицирана болест на срцето.

„Како и во случајот на другите хронични заболувања, луѓето би требало да откријат што може да сторат, имајќи ја предвид својата семејна анамнеза", вели раководителот на студијата, Матис Фливхолм Ранте.

Извор Макфакс

www.doktori.mk, 31.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина