Доктори.мк | Грижа и исхрана на доенчиња | griza-ishrana-doencinja | Портал за медицина и здравје

Грижа и исхрана на доенчиња

студент по медицина

Новороденчето е целосно зависно од здравата мајка и подршката на семејството и здраствените работници. Физичката и емотивната топлина, чистотата и поврзувањето со мајката се важни во грижата и исхраната.

Здрава исхрана

Здравата исхрана на доенчето е од витално значење во грижата за новороденото и примарната здраствена  заштита, и е еднакво важна за доенчето како и имунизацијата, контролата и превенцијата на заразните заболувања. Затоа има важно место во едукацијата на мајката и обуката на здравствениот работник.

Доењето треба да се започне од првиот момент и да се потикнува како единствена исхрана во текот на првите 4-6 месеци, бидејќи содржината на мајчиното млеко е идеална храна и имунолошка заштита на доенчето . 

Во најдобри услови , доенчето треба да се дои до една година или повеќе . Витамините А и Д треба да се даваат секојдневно по втората недела од животот, за да се спречи клиничка и субклиничка дефициенција и кај доенчињата на мајчино и на вештачко млеко.

Превенцијата на сидеропенична анемија е важна, поради нејзините ефекти врз доенчињата на 6-24 месечна возраст, кога се одвива рапиден развој на мозочните и психомоторните функции. Феропрепарати треба да се даваат на сите доенчиња (од 4-12 месеци кај бебиња со нормална телесна тежина и од 2 месеци кај бебињата со ниска телесна тежина ), во форма на храна богата со железо , вештачко млеко збогатено со железо или фармацевтски формулации. Ако доенчето не прима млеко збогатено со железо, тогаш потребно е да му се дава феросируп, збогатен со витамин Ц, на возраст од 4-12 месеци во дневна доза од 7-15 мг, во зависност од тежината .

Секундарната превенција опфаќа скрининг на сите доенчиња на возраст 9-12 месеци, за одредување на нормалноста на хемоглобинот и евентуалната потреба од дополнителна интервенција .

По прекинот на доењето , се препорачува давање феропрепарати до едногодишна возраст . До едногодишната возраст треба да се избегнува кравјото млеко .

Житните растенија збогатени со железо и витамини, заедно со овошјето, зеленчукот, месото и јајцата се неопходни за оптимален развој и превенција на дефициентни состојби на витамини и минерали . 

Подоцна во првата година , доенчето треба да почне да јаде заедно со своето семејство . 

Љубов

Физичката и емотивната љубов на мајката , таткото и семејството даваат безбедност и стимул кои му се потребни на доенчето за физички, интелектуален и емотивен развој .

Игра

Играњето и зборувањето со бебето го потикнува правилниот развој . 

Имунизација

Иако постојат повеќе начини на вакцинација и многу дилеми по оваа прашање , сепак имунизацијата на доенчето е од големо значење за успешна здравствена програма за децата, како во најраната, така и во предучилишната возраст .

дознајте повеќе за авторот Елвис Ќаили
авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување
 
www.doktori.mk, 30.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина