Популарни митови за неверствата

доктор на медицина

Што се случува зад вашиот грб? Отворете ги очите и дознајте кои се најчестите предрасуди поврзани со неверствата.

продолжува од Водич за признавање на неверството

Мит: Мажите изневеруваат бидејќи се несреќни дома 

Кај жените тоа често е точно. Кога во еден долг брак жената е незадоволна од својот живот, таа прибегнува кон авантури, за да ја врати возбудата и емоциите во своето секојдневие. 

За мажите, од друга страна, ова тврдење ретко одговара на вистината. Многу мажи, иако ги сакаат своите партнерки и имаат одличен секс дома, не одбиваат нова можност за "забранет" секс. Особено ако се сигурни дека ќе остане тајна. Сајтот www.askmen.com цитира истражување, според кое 56% од анкетираните мажи кои ги изневеруваат своите сопруги, велат дека нивните бракови се многу среќни. За споредба, стапката на неверни жени кои се среќни дома, е многу помал - 34%. 

Мит: Мажите изневеруваат многу повеќе од жените 

Можеби случајот бил таков порано, но сега вагата на изневерувањето почнува да балансира. Зошто? Жените сега изневеруваат од истите причини кои и мажите: сакаат нова возбуда во животот; непослушни се и затоа изневерувањето е убав начин да се почувствуваат живи, итн. Од друга страна понежниот пол си има и свои причини: аферата често пати им е "награда" за една неценена сопруга и мајка. Или за "одмазда" кон партнерот, кој не бил вљубен, внимателен или ги игнорирал. 

Веројатно е вистина дека жените се склони да се чувствуваат виновни по изневерувањето. Но, имајќи предвид дека според голем број истражувања тие се добри во лажењето, многу е поверојатно дека ќе се извлечат. 

Мит е и тврдењето дека мажите се оние кои се обидуваат да го претворат пријателството во афера. Повеќето мажи кои ја изневеруваат партнерката, гледаат на аферите како на големи можности со малку одговорност, што исклучува комплексност на односите со блиски од спротивниот пол.  Спротивното е поверојатно дека е точно. Според психолозите, жените се многу повеќе склони да ги срушат платонските односи од пријателство кон љубов. Тие се внесуваат повеќе емоционално во дадени односи и пројавуваат желба да ги "тестираат" пријателствата дали може да прераснат во нешто подлабоко. 

Мит: Аферата се случува главно поради сексот 

Се разбира, во центарот на една афера стои сексот. Но тој не е 100 процентна причина да дојде до изневерување. Тоа едноставно е начин за луѓето да добијат нешто што не добиваат од оваа врска. Не е секогаш едноставно да се утврди што точно недостасува. И не секогаш тој недостаток е сексот. Многу пати дури и самите мажи и жени не знаат зошто го прават тоа - да си вратат нешто што изгубиле во минатото, да се ослободат од карактерот на партнерот барем за миг со некој спротивен на него, да се почувствуваат млади повторно, да го обогатат секојдневието, да се почувствуваат барани и посакувани ... 

Мит: Ако некој изневерува, значи не го сака партнерот 

Може и да сте од оние кои од искуство го негираат овој мит. Ако не сте, запомнете дека луѓето изневеруваат од различни причини. И недостатокот на љубов е можеби последната. Причините се кријат на друго место, а и често тоа е прашање на систем на вредности. Некои мажи, а и жени сметаат дека да легнеме со некој друг, нема никаква врска со љубовта кон партнерите. И на ниеден начин не се врзани инцидентните афери со сериозната врска. 

Мит: Секс со поранешниот / та не се брои за неверство 

Преспивањето со екс партнерот е вид на сексуално "лизгање" што луѓето најчесто очекуваат да им се прости. Помислата дека тоа "не е вистинска неверство" е многу удобна и смирувачка за валканата совест. 

Но! Сексот со поранешната или поранешниот може да има катастрофални последици. Имено, бидејќи во овие односи биле вмешани и емоции поранешниот партнер може да цели да ги запали старите односи повторно. Можно е да се најдете во ситуација во која треба да "раскинувате" повторно. 

А и шансите да Ве откријат всушност се поголеми отколку ако имавте секс со непозната личност.

Мит: Секогаш треба да признаете, ако сте имале афера 

Ако неверството испливало на површината, подобро е да си кажете. Имате повеќе шанса да ја спасите врската по доброволна исповед, отколку по несакано откритие. 

Но сепак, ако е малку веројатно да Ве откријат, постојат и оправдани причини да си ја задржите устата затворена. Една од нив на пример е ако партнерот не е силен емоционално. За некои веста за едно изневерување може да ги уништи. Зошто да ја расипувате врската со признание за некаква инцидентна слабост? Ова ќе ги избрише сите траги од доверба меѓу вас, и може да потрае години за да се обнови (ако воопшто се случи тоа некогаш). 

Наместо тоа, запрашајте се зошто сте го направиле тоа, што Ви донеле тоа, вредело ли за ризикот, можно ли е да се добие истото и од човекот до Вас? 

Најлошата можна причина да се признае една афера е за да се чувствувате подобро. Точно дека ќе ја симнете вината од рамената, но ќе ставите огромно количество болка врз партнерот. 

Мит: Неверството не се брои, ако никој не разбере за тоа 

Има ли значење изневерувањето, ако нема апсолутно шанси некогаш да се разбере, никогаш нема да ја видите повторно, ссте имале безбеден секс кој не значел ништо и на никого не сте рекле? ... 

Одговорот целосно зависи од Вашата личност. Ако навистина не гледате ништо лошо во тоа што сте направиле, тогаш веројатно не е важно. Има само еден проблем со оваа теорија: Многу малку луѓе навистина веруваат дека нема ништо лошо во изневерувањето. Дури и најголемите грешници знаат дека прават "грев" и ова е местото во кое се се открива, бидејќи чувствата кон постојаниот партнер се менуваат. 

Мит: Ако немало секс, немало изневерување 

Емоционалното неверство - длабока, страстна врска меѓу луѓе кои често не знаат дека ја пречекориле границата од платонско пријателство кон романтична љубов - е најголемата закана која може да се сретне во една сериозна врска. Повеќе од 80% од неверните луѓе изневеруваат со некој со кого почнале невини односи на разбирање, многу често колега. 

Да мислите на некого, да го сакате и да флертувате со него, да си замислувате како имате секс и да очекувате да го видите повторно е страст повеќе опасна за неуспех на една врска и од турбулентна сексуална ноќ со непознат . 

 
дознајте повеќе за најактивниот автор од тимот на Доктори.мк
 
Oстанати статии од рубриката Зошто жените ги сакаат лошите момчиња
www.doktori.mk, 29.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил