Емоционални вампири

дипломиран психолог, магистрант по развојна психологија

Терминот „емоционални вампири" е само една метафора за личности кои се хранат од енергијата на другите луѓе. Оние кои ја имаат оваа етикета имаат карактеристики кои се типично класифицирани како точка на нарушувања на личноста. Емоционалните вампири можат да се претворат во она што другите сакаат да го видат, но само доволно долго за да ја привлечат жртвата да падне под нивно влијание. Тие имаат многу мала идеа за тоа кој или што тие навистина се. Тие само знаат што сакаат.

Нивните потреби се поважни од било што друго на светов

Нивните сфаќања се на високо свесно ниво, манипулативно ускладени со нивната емоционална нестабилност при што нивната внатрешност е исполнета со празнина, конфузност, нерационалност, отсуство на емпатија итн. Нивната нарцистичка природа ги тера да веруваат дека нивните потреби се поважни од било што друго на светот и овие детски, инфантилни потреби совршено се вклопуваат во конструкцијата на метафората „емоционални вампири“.

Емоционалните вампири максимално ве исцрпуваат

Во текот на нивните животи тие се гледаат себе си како жртви на судбината и непредвидливоста на другите при што за нив нешто се случува и тие само реагираат на тоа нешто, така што, тие никогаш не учат од сопствените грешки. Емоционалните вампири не се типични луѓе, но се верува дека тие се соочуваат со нивната животна средина на ист начин како и обичните луѓе, со ист интензитет на моторика и координираност во средината, но само навидум, бидејќи за нив нема социјални правила што следат. Нивните потреби се секогаш на прво место (тие се предатори), правилата не важат за нив, никогаш не е нивна вина, тие се нетрпеливи и сакаат работите да се случат сега и овде. Емоционалните вампири се опасни, бидејќи максимално ја исцрпуваат другата личност со своите себични потреби и (поради немањето интегритет) нема да превземат одговорност за своите постапки. Тие ќе ја збунат нивната жртва со полу-вистини и манипулација, така што и самата жртва нема да е свесна дека е жртва на „емоционален вампир“.

Со вашата енергија ја хранат својата душевна празнина

Тие често провоцираат силни и итни реакции, и позитивни и негативни. Тие се најдобри или најлоши, ретко нешто помеѓу. Овие луѓе се секаде околу нас и најдобро се препознаваат по тоа што секогаш имаат некоја потреба од останатите, секогаш се во некоја незавидна положба и им треба некоја помош. Но сето тоа е само маска, на овие луѓе се што им треба е енергијата од останатите за да можат да ја нахранат својата душевна празнина.

 

 

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

дознајте повеќе за Елена Ангеловска 

дипломиран психолог и основач на НВО "Умармен"- Центар за психолошка помош и советување на маргинални групи>>>

www.doktori.mk, 27.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил