Хемотерапијата во бременоста не штети на здравјето на бебето

Бремените жени кои имаат рак можат да примаат хемотерапија без страв дека тоа ќе му наштети на нероденото бебе, се тврди со новото истражување.

Истражувањето сугерира дека жените кои се на хемотераписки третман за време на бременоста не би требало да родат деца со вродени недостатоци или некои други здравствени проблеми.
 
Стотици бремени со дијагностициран рак секоја година беа соочени со одлука што да направат, да се подложат на хемотерапија или на прво место да го стават бебето.
 
Некои донесуваа дури и драстични одлуки, да абортираат ако се во почеток на бременост, додека други одлучуваа да не примаат терапија додека не се породат.
 
Меѓутоа, научниците во Германија велат дека нема потреба да се прекине бременоста, да се одложува лекувањето или да се користат послаби лекови, затоа што постои мала можност бебето да биде загрозено на кој и да е начин.
 
Во истражувањето учествувале повеќе од 400 жени од цела Европа, а на кои им бил дијагностициран рак на дојка за време на бременоста. Половина од нив примале терапија додека го носеле бебето во стомакот.
 
Утврдено е дека бебињата на 197 жени од оваа група не претрпеле никакво оштетување кое може да се поврзе со хемотерапијата.
 
Исто така, утврдено е дека бебињата чии мајки биле на хемотерапија за време на бременоста, родени се со помала телесна тежина, но дека немале никакви здравствени проблеми, наведува магазинот The Lancet Oncology.
 
извор: Макфакс
 
 

 

www.doktori.mk, 20.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина