Доктори.мк | Брзото возење го продолжува животот | brzo-vozenje | Портал за медицина и здравје

Брзото возење го продолжува животот

Научниците велат дека брзото возење го продолжува животот. Meѓутоа внимавајте, ова тврдење се однесува само на велосипедизмот.

Брзото возење го продолжува животот, но ова тврдење се однесува само на велосипедизам, затоа што новото данско истражување покажало дека интензитетот, а не времетраењето е најважен фактор за намалување на смртноста.

Студија од Копенхаген покажува дека возењето велосипед посебно влијае на намалување на смртноста од болестите на срцето и крвните садови.

Според резултатите од истражувањето мажите кои возеле многу брзо живеат 5,3 години подолго, а оние кои возеле умерено 2,9 години подолго од мажите кои возат бавно споро. Кај жените, оние кои одлучиле да возат брзо, живеат 3,9 години подолго, умерените живеат подолго 2,2 години, од бавните велосипедисти, пренесува „Јутарњи лист".

Според досегашните истражувања, за зачувување на здравјето се препорачување 30 минути или подолга физичка активност во текот на денот, а сега треба да се прецизира и со кои интензитет да се извршуваат активностите за да се постигне максимален учинок врз здравјето.

Извор Макфакс

www.doktori.mk, 17.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости