Доктори.мк | Бебињата родени по природен пат имаат поголем IQ | pogole-iq-bebinja-po-priroden-pat | Портал за медицина и здравје

Бебињата родени по природен пат имаат поголем IQ

Резултатите од најновото истражување покажаа дека бебињата родени по природен пат имаат поголем коефициент на интелигенција од оние родени со царски рез.

Според научниците, кога жената ќе се породи по природен пат, во мозокот на бебето се создаваат специјални протеини кои помагаат во развојот на интелигенцијата за време на растењето.

Научниците од Универзитетот Јеил од САД тврдат дека нивото на протеини под името UCP2, кај бебињата родени по природен пат, помага во развојот на нивното краткотрајно и долготрајно памтење, главни компоненти на IQ-то за време на растењето.

До овој заклучок научниците дошле со набљудување на хипоталамусот, дел од мозокот кој има важна улога во памтењето, кај глувци родени по природен пат и со царски рез.

Глувците кои биле родени со царски рез имале помали нивоа на протеинот UCP2, а како резултат на тоа биле помалку способни како возрасни глувци.

Откритието доаѓа во време кога раѓањето со царски рез е на удар на критиката поради ризикот од внатрешно крварење и поради тоа што може да доведе до проблеми со плодноста во иднина.

Според некои резултати, 25 отсто од породувањата се со царски рез.

„Овие резултати покажуваат потенцијално критична улога на протеинот UCP2 во правилниот развој на врските во мозокот и однесувањето во врска со тоа. Зголемениот број породувања со царски рез, се случи повеќе поради тоа што им одговара на жените, отколку од медицински причини, а може да има непознати трајни последици на развојот на децата“, вели д-р Тамас Хорват.

извор: Макфакс

 

www.doktori.mk, 13.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости