5. Со јаболков оцет
И јаболковиот оцет помага при белење на забите. Но, и со оцетот важно е да се внимава бидејќи киселината ја нагризува забната глеѓ. Но, ако го користите правилно, разреден во вода, ова станува едноставен и здрав начин за избелување на забите.
Лажичка јаболков оцет измешан со половина чаша вода станува одлична течност за плакнење на устата. Мешавината е доволно слаба и нема да ја оштети глеѓта, а повторно е доволно силна за забите да ги исчисти од штетните наслаги. Користејќи ја оваа мешавина секој ден, ќе забележите дека забите ви стануваат значително бели.