5 препораки за живот без стрес од Др. Оз

Др. Мехмет Оз е високо почитуван професионалец за одржување на витален живот без стрес – со посебен фокус на здрав животен баланс.

Во продолжение ги споделуваме неговите 5 препораки за животно секојдневие без стрес кои беа објавени деновиве во SUCCESS magazine:

1. Гради тимови. – “Многу е тешко за било кој да ги разбере сите сегменти од еден проблем или предизвик, посебно кога се работи за комплексни проблеми чии решенија носат вистинска можност да се промени светот на подобро. Треба да има повеќе мислења на масата и повеќе пристапи. Тоа не значи дека би ја изгубиле моќта за донесување на одлуки за доброто на целите и проектот, туку дека треба да имаме околу себе луѓе кои се дел од тимот на кои им веруваме т.е. ја вреднуваме нивната експертиза и видување.”

2. Простувај на луѓето околу тебе. “Треба да им простуваме на луѓето. Секојдневно сме во контакт со многу луѓе и ќе дојде време кога ќе не разочараат. Дајте им шанса да ве изненадат повторно.“

3. Преземи акција за твоите идеи. ”Успехот е 1% инспирација и 99% перспирација . Не ме интересира колку сте добри, колку добри идеи имате – добра идеја напишана на салфета има иста вредност колку и цената на салфетата. Мислата има вредност нула без активности за нејзино изведување и остварување. Средината на сендвичот ја прави вредноста на сендвичот. Лебот е идејата, концептот и надворешниот изглед. Внатрешноста е тоа што го прави различен од другите сендвичи.”

4. Гледај на различните случувања како на можност за учење. “Најдобрите хирурзи не се оние кои никогаш не грешат, туку оние кои можат да излезат од било која криза или неуспех. Тоа според мене преставува дефиниција за голем успех.“

5. Грижи се за твоето тело. “Телото е храм на душата. Ако твоето тело не е одржувано, не е здраво, нема да биде добро место за твојот мозок/ум да живее. Поради тоа сите можности кои ќе ги имаш пред себе во иднина ќе започнат да ти се “лизгаат“ од рака и ќе бидеш влечен наназад поради неможноста на мозокот да го одржи високото ниво на функционалност. Одржување на телесно здравје е круцијална активност за сите нас.”

 

Која е твојата активност или ритуал со која го намалуваш стресот во секојдневието?

До следниот пат, подари си ВИТАЛЕН живот!

 

Марија од Витални365

www.doktori.mk, 12.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил