Менопаузата му задава удар на организмот и неговата виталност

На жените коишто минуваат низ менопауза им слабеат способностите за извршување на секојдневните задачи, како што е качувањето по скали или носењето тешки предмети, покажува една американска студија.

Вистинската причина за тоа не е позната, но се претпоставува дека има поврзаност со зголемената телесна тежина и депресијата, велат научниците чиешто истражување е објавено во специјализираниот научен магазин Menopause.

„Дефинитивно постои поврзаност меѓу менопаузата и телесните ограничувања кај жените", вели Лиза Ценг, студентка по медицина од Универзитетот Питсбург која раководела со ова истражување. Појаснува дека улога во тоа имаат физиолошките промени поврзани со менопаузата. Составот на женското тело се менува така што расте уделот на мастите, а опаѓа уделот на мускулите. Освен тоа, како што опаѓа нивото на естрогенот коските стануваат послаби.

И мажите со годините ја губат мускулната сила и маса, но истражувањата покажале дека силата кај жените забрзано се намалува околу периодот на менопаузата. Според резултатите од испитувањата, и жените и мажите ја губата мускулната маса, во просеј за 1 до 2 отсто годишно откако ќе наполнат 50 години. Се покажува, меѓутоа, дека доколку жените во постменопаузата и повозрасните мажи редовно се занимаваат со некоја телесна активност, тогаш честопати нивното физичко и ментално здравје се подобрува.

Извор Макфакс

www.doktori.mk, 09.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина