Што се Калории?

Ги броиме, ги мериме, бегаме од нив, се бориме со нив... 

Ако прашате просечен човек да го дефинира поимот “калории” обично ќе слушнете нешто како, “тоа е лошото од храната”. Иако мислиме на нив на овој начин, калории не се навистина ‘нешта’ во храната – не можеме да ги видиме, допреме, да ги одделиме од храната и да ги турнеме на страната на чинијата.

Калориите се всушност мерка за енергија во нашата храна, и без разлика каква активност на нашето тело, без разлика дали тоа е транспорт на крв или транспорт на железо,  треба енергија во форма на калории за тоа да се случи.

Според ова веднаш правиме математика во глава дека всушност храната од погоре кажаното е “гориво“ за нашиот организам. Токму така! Но, енергијата што на нашето тело му е потребна, во форма на калории, е заклучена во рамките на протеините, мастите и јаглехидратите – кои ги сочинува храната која ја јадеме.

Потребната енергија не се ослободува се додека целосно не се обработи храната. Потоа таа може да се користи за изведување на активностите во рамките на секоја клетка во нашето тело. А калориите се едноставен начин на изразување на количината на енергија што може да биде ослободена од храна која се јаде.

Сепак

Ставањето храна во нашето тело не е потполно исто со она што се случува кога ќе се стави бензин во нашиот автомобил. Едноставно да се има гориво во резервоарот нема да направи автомобилот се движи напред. Го знаеме процесот нели..Горивото треба да отиде во моторот и да се запали, при што се ослободува енергијата која му овозможува на автомобилот да се движи.

На сличен начин, нашиот дигестивен систем делува како мотор на нашето тело, тоа процесира гориво, и ослободува енергија од храна. И тогаш нашето тело ја користи таа енергија да ги изврши практично сите функции во секоја секунда од животот.

Количината на енергија (калории) во дадена храна зависи од тоа колку протеини, масти и јаглени хидрати таа содржи во себе. Секој грам протеин или јагле-хидрат во храната му нуди 4 калории енергија на телото. Но, мастите содржат повеќе од двојно повеќе, 9 калории на грам, која претставува главна причина зошто “мрсната“ храна често се нарекува ” густа енергија”.

Кога ќе помислите на калории како енергија, тоа е малку полесно да се разбере како балансот на калории влијае на вашата телесна тежина. Ако енергијата на располагање на вашето тело (од храната која се јаде) е иста со енергија која вашето тело ја користи за извршување на сите негови функции, тогаш вашата тежина треба да остане стабилна. Но, ако има повеќе енергија од храната достапна одошто може вашето тело да искористи , тогаш тоа се складира во вашите резерви, а тие се оние масни наслаги на колковите, стомакот и бедрата.

До следниот пат,

Подари си витален живот!

извор: Витални365

 

 

www.doktori.mk, 05.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана