Научниците створија виртуелна бактерија

Научниците створија виртуелна бактерија која го имитира начинот на кој функционираат организмите.

Овој успех на научниците ќе го подобри разбирањето на разни болести и ќе помогне во барање лек.

Компјутерска програма развиена на Универзитетот Стенфорд е идентична реплика на бактеријата Mycoplasma genitalium, вклучувајќи ја и нејзината ДНК и сите други компоненти.

Научниците се надеваат дела оваа симулација ќе им помогне во истражувањето на тајнатакако функционираат келиите и во откривањето на генетските причини за болестите, како и дека ќе откријат нови терапии кои можат да спречат или да лечат болести.

За подобро да се сфати комплексноста на келиите, професорот Маркус Коверт и неговиот тим одлучија да створат цел циклус на бактеријата M. genitalium, сексуално пренослив паразит, која е одбрана заради едноставноста на структурата.

Информациите за биологијата на бактеријата се земени од 900 научни магазини ипрограмирани во компјутерска симулација. Секоја келија се состои од пола гигабајт информации. Научниците се надеваат дека овој модел, кој од интернет може да го преземе кој било, ќе биде корисен за биолозите кои истражуваат болести.

извор Макфакс

www.doktori.mk, 02.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости