Во која земја жените живеат најдолго?

Јапонките првпат по 25 години повеќе не го држат рекордот за долговечност, по минатогодишниот катастрофален земјотрес и разорното цунами што и зафатија североисточните делови од земјата, објави во четвртокот јапонското министерство за здравство.

Просечниот животен век на Јапонките во 2011 година паднал на 85,9 години, наспроти 86,3 години колку што изнесуваше во 2010 година, што претставува втор последователен пад на годишно ниво, по рекордот од просечните 86,44 години живот во 2009 година.

Откако Јапонките уште од 1985 година станаа најдолговечните жени на светот, сега пред нив се жените од Хонгконг со 86,7 години. Меѓутоа, како што напомнува јапонското министерство за здравство базирајќи се на податоците на Обединетите нации, и натаму најдолговечни се жените во Шпанија со посечен животен век од 84,,9 години и Французинките коишто во просек живеат по 84,8 година.

„Само темелејќи се на податоците од 2011 година не може да се каже дека животниот век на Јапонките се намалува, бидејќи земјотресот и во цунамито беа вонредни ситуации", ги релативизираше овие податоци еден претставник на јапонското министерство за здравство.

Во земјотресот со магнитуда од 9 степени според Рихтеровата скала кој предизвика цунами чии бранови достигнаа и до 40 метри во височина од 11-ти март 2011 година, загинаа или уште се водат како исчезнати повеќе о д19 илјади луѓе од регионот Тохоко.

 

извор Макфакс

www.doktori.mk, 28.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости