Калциум – важен елемент за организмот

доктор по стоматологија

Калциумот е неопходен за создавање на коските и забите, особено во развојот. Покрај тоа што делува на коските, калциумот има и други улоги. Тој учествува во пренесувањето на нервните импулси, обезбедувајќи го срцевиот ритам и е неопходен за коагулација на крвта. За неговата правилна апсорпција неопходен е и витаминот Д, како и Витаминот Ц. Добро се апсорбира и со магнезиумот. Се наоѓа во различни намирници во исхраната, па затоа се вели дека правилната и разновидна исхрана е доволна за внес на дневната доза потребен калциум. Најмногу го има во млекото и млечните производи, соино млеко, а од овошје и зеленчук се наоѓа во зелениот зеленчук и гравот, како и во боровинките, кивито, лимонот, портокалот, јагодата, грозјето и бананата.

Дневна доза на калциум

Се смета дека калциумот од млекото се апсорбира многу подобро отколку калциумот од овошјето и зеленчукот. Дневната потребна доза за возрасни е 1000 мг калциум, што го има во три чаши млеко. Неопходно е да се внесе оваа доза во текот на денот бидејќи дневно се губи околу 800 мг пред се преку уринарниот тракт, а во организмот остануваат само 200 мг од внесената количина. На адолесцентите, бремените жени и жените во климактериум им се препорачува да земаат поголемо количество калциум во текот на денот – 1500 мг.

Недостатокот од калциум е штетен за организмот

Недостатокот од калциум може да доведе до грчеви во мускулите, да предизвика проблеми со срцето, а кај возрасните може да предизвика остеопороза.

 

 

Дознајте повеќе за авторот

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 31.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина