Како да го победите ноќниот напад на глад?

доктор по стоматологија

Постои правило дека не треба да се јаде никаква храна два часа пред легнување. Но, како по некое непишано правило, желбата за храна е поголема ако работите во текот на ноќта или доколку учите доцна навечер. За да го одбегнете бавниот метаболизам во текот на ноќта, направете си мала здрава ужина.

Ноќна ужина до 200 калории

Најпрво треба да ја одредите калориската вредност на ужината. До 200 калории е прифатливо за вечерен оброк. Покрај калориската вредност, за да биде оброкот и здрав, одредете од што ќе се состои истиот и тие намирници ставете ги на дофат на рацете. Тоа може да биде: шоља житарки со млеко, топло чоколадо, јогурт или овошје. Но, немојте да ги консумирате сите овие намирници бидејќи ќе се надмине бројот од дозволените 200 калории.

Ноќен напад на глад или јадење од досада?

Во зависност од тоа колкава количина од ужината што сте ја подготвиле сте изеле, ја одредувате границата дали навистина имате ноќен напад на глад или само јадете од досада. Се смета дека ужината не е поврзана со глад доколку секогаш кога посегнувате по храна седите и гледате ТВ, а не поставувате јадење на масата. Доколку не можете да се откажете од оваа навика, обидете се навечер наместо ТВ, да направите ноќна прошетка.

 

 

Дознајте повеќе за авторот

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 29.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана