Kissenger - виртуелни усни за бакнување на далечина

Љубовниците коишто се одвоени сега на помош го имаат изумот на професор од Сингапур тн. „kissenger", апарат чие има е добиено од комбинацијата на зборовите kiss (бакнеж) и messenger (гласник), кој ќе ја има улогата на технолошкиот Купидон.

Станува збор за апарат со „усни', благодарејќи на кој ќе биде овозможено бакнување преки интернет. „Кисинџер" изгледа како помала пластична глава со големи усни коишто доволно е да се бакнат за партнерот на другиот крај од интернет врската на своите усни да ги почувствува вибрациите од усните на таквиот уред.
 
За да се засили чувството на бакнежот, двајцата вљубени може директно да се гледаат преку екраните на своите компјутери. Вештачките усни од силикон даваат „најдобро чувство", тврди изумувачот Хооман Самани, професор по роботика на сингапурскиот Национален универзитет (NUS). „Може да се користат и за подобра комуникација меѓу луѓето", вели Самани.
 
„Кисинџер"-от која на потесната јавноста и' беше претставен во јуни на научна конференција во Велика Британија, се довршува во лабораторијата која заеднички ја основаа NUS и универзитетот Кое во Јапонија.
 
Меѓутоа, неговата продажба ја кочат етичките прашања, вели Самани. „Бакнежот е нешто многу интимно. За на пазарот да можеме да го пуштиме овој производ, кој ќе задира во тоа чувствително прашање, мораме да ги проучиме неговите социјални и културни аспекти", додава Самани.
 
Извор Макфакс

 

 

www.doktori.mk, 24.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина