Полипил - магично апче против инфаркт

Може ли едно апче дневно да го намали ризикот од срцев удар? Англичаните веруваат дека откриле такво апче, наречено - Полипил.

Апчето е направено од комбинација на статини (лекови за смалување на нивото на холестерол) и лекови за намалување на крвниот притисок, а според истражувачите може да спречи илјадници срцеви удари.

Во Велика Британија истражувањето било спроведено на 84 луѓе над 50 години, а објавено е во „PLoS One" магазинот, и покажува дека полипил го намалува крвниот притисок и нивото на лошиот холестеролот. Британската фондација за срце, повикува на повеќе истражувања во оваа насока, а предупредува дека апчињата ќе бидат лек, а не додаток во исхраната.

Студијата на Универзитетот од Лондон „Квин Мери", утврдува дека полипил содржи статин и три различни лекови за намалување на крвниот притисок, а сите поединечно до сега се во широка употреба. На пациентите кои учествувале во истражувањето им биле давани или полипил или лажно апче еднаш дневно, три месеци. Третманите тогаш им биле сменети, па во период подолг од шест месеци половина време земале полипил и лажно апче. Резултатите покажале дека полипил го намалува крвниот притисок за 12 отсто, а го намалува нивото на лошиот холестерол за 39 отсто.

Д-р Дејвид Валд, консултант кардиолог вели: „Влијанието врз здравјето се големи. Потенцијалот на ова апче е голем, а медицински не е замена за супстанца која се зема за одржување здрав живот". „Ако луѓето го пијат апчето по 50-тата година, пресметавме дека имаат 28 отсто повеќе шанси да избегнат срцев удар додека се живи", додава Валд.

Докторите пресметале дека ако сите Британци над 50 години го пијат секој ден ова апче, ќе успеат да спречат 94.000 срцеви удари секоја година. Д-р Валд смета дека полипил има многу добри ефекти врз здравјето на луѓето и ги повика регулаторните тела што побрзо да го одобрат.

Студијата не опфаќа безбедносно истражување, затоа што сите состојки во апчето веќе се одобрени и луѓето ги пијат како различни апчиња со децении.

извор Макфакс

www.doktori.mk, 20.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација