Доктори.мк | Проектот Аватар - чекор кон бесмртност? | proekt-avatar-besmrtnost | Портал за медицина и здравје

Проектот Аватар - чекор кон бесмртност?

Рускиот претприемач Дмитриј Ицков, кој го финансира и предводи проектот под назив „Аватар", тврди дека патот кон бесмртноста е само прашање на време.

Како што пренесува Дејли Мејл, тој нагласува дека низ десетина години човечкиот ум ќе може да биде „даунлодиран" во роботи, што на среќниците кои ќе се подложат на овој експеримент, ќе им овозможи пат кон „вечен" живот.

Ицков ангажирал 30 научници за да ја достигне својата цел, со што, како што нагласува, во целост може да се промени начинот на кој постоиме и живееме. „Личноста со совршен 'Аватар' би можела да стане нормален дел од општеството.

Разбирам дека ова е голем предизвик за научниците, но верувам и во нешто што се нарекува 'американски сон'. Ако во нешто ја вложите сета своја енергија и време, сигурен сум дека тоа можете да го претворите во нешто полезно за идните генерации", вели Ицков.

Тој неодамна ги контактираше руските милијардери на кои им предложи финансирање на овој проект, кој им го претставил како „кибернетичка бесмртност". Тој верува дека човечката свест би можела по хируршки пат да се „трансплантира" во робот, по што умот би се вчитал или „аплодирал" без операција, оставајќи го човечкото тело како празна обвивка, бидејќи нивните сопственици ќе продолжат да живеат во роботот.

„Нова цел на науката е да се создаде алтернативно тело за човечките суштества, кое ќе поседува совршена подлога, што на човечкиот мозок би требало да му овозможи да живее во ново, механичко опкружение", рече Ицков на „Конференцијата за глобална иднина 2045".

извор Макфакс

www.doktori.mk, 20.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости